Ева и Лилит Friday, Nov 30 2012 

Според Библијата и Стариот завет, Ева била првата жена што ја создал Господ од реброто на Адам. Отсекогаш Ева била синоним за мајка на човештвото, мајка на сите народи и раси, баба на нашите предци – што го покажува значењето на нејзиното име – онаа што дава живот / извор на животот –  од еврејскиот збор חַוָּה, Ḥawwāh. Таа била создадена за да му биде сопатничка на Адам како првороденец, како постар авторитет. Во целата библиска приказна посебно место наоѓа митот за првобитниот грев и змиската (серпентинската) интерференција како суштество кое ја мотивира Ева да скине јаболко од забранетото дрво на спознанието.

Еврејскиот фолклор и кабалистичката традиција зборуваат за другата жена на Адам, поточно за неговото прва сопруга – Лилит, легендарно суштество кое води потекло од месопотамискиот демон на бурите и невремето.

Нејзиното име се споменува уште во вториот милениум пред нашата ера во Акад и Сумер од каде почнало тоа име да функционира како метафора за некои сили на природата (ветар, бура, молња, виулица), за многу подоцна да биде превземено од еврејскиот мистицизам и доработено во средновековните апокрифи како развиена приказна за темната двојничка на Ева.

За разлика од Ева, Лилит е создадена истовремено со Адам, од истата прав и истиот божествен здив, па предимството на Адам како првороден овде не функционира. Лилит затоа бара рамноправност…

 

Култот на Големата Мајка

(аспекти на женскиот креативен принцип)

М-р Нешка Николова

Говор Friday, Nov 30 2012 

Зборот не е само месо

туку и оглодан кокал

пукнатина во куќа што вреска

петел на буниште што кукурига

самото ѓубре што гние

и отпадоците што ќе нè надживеат

по излетот како по војна

 

Слечи си ја кожата

за да се слееш со околината

со тајното име, неречениот збор

 

Зборовите – амеби го напаѓаат натрапникот

го вовлекуваат во себе и варат

ја пукаат лушпата и јајцето го пијат

ја колваат јатката од семката

а штом сварени предметот мртов

може да остане оживеан говор

Ги прибираш туѓите зборови најдени патем

ги пушташ да си играат со домашната челадија

и да се измешаат до толку

што да не знаеш кое е чие

нивниот џагор ти ги исполнува дупките

во ѕидовите од разрешетаната куќа

Така од туѓиот јазик земак причесна

и фаќаш зараза што создава антитела

за да не ти проголта ближниот сосед

сосе тајното значење со корен во пламенот

да не те погоди по алчното око

да не ти го испие виделото

 

Како да се преведе мастилото во крв

илјадагодишното семе во леб насушен?

Ќе се сретнат така двајца јунаци

на мегдан сред ничија земја

ќе се натфрлаат со лаги и пцости

ќе се испоганат со грди клевети

и накрај здрвени, со испреплетени јазици

ќе имаат уште толку здив

да си го искркорат вистинското име

ако се бар толку живи да чујат

Во најдобар случај двата непријателски табори

ќе си ги разменат плениците

крвно ќе се збратимат до следната крвна одмазда

и ќе си трампат леб за сол, ум за вересија

 

Сè што ќе се напише (или случи)

не мора и не смее

да биде точно така

токму затоа што вистината зјапа

ненадополниво

не ти дава никакво право

да ја допишуваш како што сакаш –

небаре трчаш по автобус

чиј возач и онака не те гледа

Задача е

зборовите да се натераат да трчаат

како елени во згон

па кај, и кој, ќе пукне

Едноставно

ѕверовите мора да трчаат побргу

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

______

Опсада, Македонска Книга 1981

По трагите на древното рударство Friday, Nov 30 2012 

Најстарите рудници во светот, оние во Јужната Африканска Република – се стари и до двесте илјади години. Таква древност го поставува прашањето – кој во минатото имал потреба за рудници и обработувал руди?

 

 

 

 

 

Не треба да одиме толку далеку ни во историјата, ни на земјава, за да се позанимаваме со истражувања за древното рударство.

 

 

 

На работ на науката – Крешимир Мишак и Домагој Николиќ

Корените на македонската архитектура Thursday, Nov 29 2012 

Документарен филм за корените на македонската архитектура

 

 

 

Македонистот Волф Ошлис Thursday, Nov 29 2012 

– Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател во Македонија. Јас сум тоа од 1975 година до денес, најчесто како гостин на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, но и за други поводи. Како македонист во Германија мора да бидеш новинар и сестран истражувач. Сега сум пензиониран, но уште имам сила, енергија и шанси да пишувам и да објавувам. Ќе останеме во контакт јас и мојата Македонија!

 

 

 

читај написи од Ошлис

Ден денувам Wednesday, Nov 28 2012 

La Colonie Volvox и Теодосиј Спасов

 

 

 

Борис Сарафов Wednesday, Nov 28 2012 

Борис Сарафов (12 јули 1872 – 28 ноември 1907)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во Ватикан откриени писма од Гоце Делчев Wednesday, Nov 28 2012 

Нашиот амбасадор во Ватикан ги нашол писмата oд Гоце Делчев упатени до католичката црква…

 

 

Македонска Филхармонија – концерт Tuesday, Nov 27 2012 

Македонска Филхармонија

 

 

 

"Love is the way" концерт Tuesday, Nov 27 2012 

Дуке Бојаџиев и Ансамблот

Охридско лето 2011

 

Next Page »