Официјалната бугарска јавност уште по првиот број на излегување на списанието „Лоза“ ја препознала антибугарската тенденција, и фрлила анатема врз Лозарите. Во весникот „Свобода“, официјален орган на бугарската влада, го коментира појавувањето на „Лоза“ и подвлекува дека јазикот што се користи е македонското наречје.

Бугарската влада на Стефан Стамболов, познат бескрупулозен македонофоб и јавен прогонувач на Македонците во Бугарија, е главна тема на брошурата на Петар Поп Арсов „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“. Петар Поп Арсов е еден од уредниците и активни соработници на „Лоза“, кој пишувал под псевдонимот Вардарски…

Езерски, Еден Македонец и останатите се големи улоги во нашата историја.

Ѓорче Петров и Крсте Петков Мисирков на Лозарите им припишале димензија на историска видовитост, кои први проговориле јавно за потребата Македонците, самите со свои сили да си ја извојуваат победата.

ЛОЗА 2012