Тајните апокалиптични апокрифи Thursday, Dec 20 2012 

А пророштвото требало да се исполни, притоа лавот да пасе со јагнето, мечката да живее заедно со волот, а евангелието да се проповеда меѓу човекојадци и крвопијци. Ова треба да го знаат царевите за да можат да му се спротивстават навреме на бесрамниот змеј. Змејот ќе ги фати сите велможи на дрвен сплав на реката наречена Таен рај. Ете така отприлика Исаија ја соопштува вистината за тоа што ќе се случува во последните времиња. Интересно е тоа што кога змејот ќе се симне од дрвениот сплав, ќе се сместел во местото наречено Овче Поле, а потоа ќе ги победи сите народи околу себе со големи битки во кои меѓусебе ќе загинат многумина. Кладенците ќе бидат полни со нивна крв. Кога ќе започне крајот на царството во Мезината земја, ќе се јават два кнеза, едниот од исток, а другиот од запад. Западниот кнез ќе владее со жестокост, а источниот кнез со мир. Во тоа време кнезовите ќе живеат живот без тага се’ до определеното време. Тогаш ќе тргне змејот од Овче Поле на сите страни за да го заврши последното време.

читај: апокрифи

Попдраголевиот зборник, кој се чува во Народната библиотека во Белград, има 272 листа и потекнува од 13-от век, а бил откриен во 1873-та година во селото Скутари, крај Скадар, Албанија, во старо свештеничко семејство. По неговото расчитување, може да се каже дека се разгатнати некои претскажувања за пропаста на светот и за послед-ното време, но откриени се и топонимите Струмица, Овче Поле и други, кои укажуваат на местото каде што ќе се случуваат дел од настаните предвидени пред седум века во оваа тајна книга.

Во Попдраголевиот зборник, ракописни книга со македонска писмена традиција, за првпат се расчитани досега непознати виденија и предвидувања за пропаста на светот, во кои се спомнуваат топонимите Струмица, Вардија, Гигово Поле, Мизија, Овче Поле и Таен Рај, кои ги нема во ниту една друга ракописна книга со верска содржина од Средниот век, вели д-р Виолета Мартиновска од Секторот за ретки ракописни и печатени книги во НУБ ‘Свети Климент Охридски’.

Во првиот дел од овој таен ракопис се соопштува за повеќе владетели кои ќе владеат пред ‘последните времиња’, но и за доаѓањето на антихристот, додека во вториот дел е раскажана тајната историја за последниот византиски цар Михаил и за второто пришествие. Претскажувањата во Попдраголевиот зборник се пишувани со мрачно предвестување за сè она што треба да се случува во иднина, а истовремено тие се опомена до луѓето за исполнување на божјите критериуми.

ТАЈНИТЕ КНИГИ И БОГОМИЛИТЕ

– Љубопитноста на луѓето често се движи во насока на она што е ‘забрането’, тајно и мистериозно, па оттука доаѓа и големиот интерес на читателите за ваквиот вид апокрифна литература. Тајните ракописни книги од Средниот век можат да се дефинираат како религиозна белетристика, која поради својата занимливост станува широко распространета народна литература во тоа време. Од друга страна, црквата не само што не ги признавала, туку строго ги забранувала ваквите ракописни книги, па затоа нивното распространување одело по други канали. Во овие тајни книги најчесто наоѓале место човековите фантазии и претстави, стремежи и идеали за етика, општествен ред и друго. Автори на ваквите дела се анонимни творци или лажно потпишани веќе познати апостоли и пророци. Во текстовите се вградени елементи на тогашната актуелна култура, но и елементи на христијанското учење со туѓи влијанија. Се претпоставува дека автори, препишувачи, но и читатели на ваквите тајни книги најчесто се токму лица кои припаѓале на богомилското движење. Всушност, ваквите еретички ракописи не биле прифатени како канонски, и затоа нивното читање и распространување меѓу христијанското население било строго забрането. Се разбира, во првите векови на христијанството постоела дилема која творба е канонска, а која не е, и затоа треба да се смета за недозволена. Во периодот кога христијанството сè уште не е официјална религија, ваквите книги слободно можеле да се препишуваат и да се читаат, но по признавањето на христијанството за официјална религија, веднаш биле подготвени списоци на дозволени и на забранети книги. Инаку, според својата содржина овие тајни ракописни книги се поделени на две основни групи: старозаветни и новозаветни книги. Без оглед на која група и’ припаѓа, секоја книга што била на списокот на забранети книги била уништувана, но за да се уништи требало најпрво да биде пронајдена. За жал, голем дел од тоа творештво, односно стотици наслови, кои не влегле во списоците на книги дозволени од црквата, биле уништени засекогаш. Сепак, еден мал дел од нив бил спасен на разни начини и тие спасени тајни ракописи останале до ден денес. Науката располага со податоци за околу триесет тајни евангелија, кои претежно се сочувани само во фрагменти. Поголем број од овие евангелија се појавиле меѓу 2-от и 4-от век од нашата ера, а главни теми во новозаветните тајни ракописи, на пример, се оние за животот и дејноста на Исус и апостолите. Врз основа на ваквите тајни ракописи подоцна настанувале други ракописи, па така таа тајна писателска активност продолжила и во Средниот век, особено на Балканот. Наши најпознати такви ракописи се Тиквешкиот и Попдраголевиот зборник – вели д-р Виолета Мартиновска, која неодамна прва успеа да расчита дел од содржината на тајниот ракопис наречен по свештеникот Драгол од Македонија.

Овој исклучително вреден зборник со апокрифни текстови се чува во Народната библиотека во Белград, а во него меѓу најинтересните тајни записи се тие за циклусот виденија и претскажувања за пропаста на светот.

ШТО СЕ КРИЕЛО ОД ХРИСТИЈАНСКИТЕ ВЕРНИЦИ?

Според истражувањата на Иван Ж. Димитров, појавата на тајните ракописни книги се должи на неколку причини, меѓу кои секако е и потребата од пополнување на празнините во текстовите за животот и дејноста на Исус и апостолите, затоа што Новиот завет во Библијата не содржи детали за она што ги интересирало широките народни маси. Тоа особено се однесува за детските години на Исус, за животот на Богородица, за дејноста на повеќето апостоли. Затоа се пишувале историски и усни преданија, кои дополнувале и објаснувале одредени празнини во таканаречените ‘дозволени’ книги. Многумина црковни автори, како што се, на пример, Свети Јустин Философ, Свети Климент Александриски, Ориген, Евсевиј Кесариски и други приложуваат историско селектирани сведоштва за Исус Христос, за апостолите и за Богородица, црпејќи податоци токму од новозаветните тајни ракописи. Ваквите книги до нивното прогласување за невистинити биле исклучително читани и барани од христијаните. Затоа Евсевиј Кесариски христијанската литература ја дели на призната и оспорувана, а не на лажна и вистинита. Од некои податоци во тајните книги може да се заклучи дека најбројни корисници на ваквите ракописи во Македонија биле богомилите, па затоа во ваквите ракописи можат да се сретнат епизоди за нивното учење кои ги нема во текстот што се преведувал. Бидејќи биле прогонувани од таканаречените вистински христијани, богомилите се снаоѓале меѓу редови да внесат дел од вистината на христијанството што тие ја знаеле преку други историски извори, кои подоцна се избришани од црквата како неканонски. Сепак, ваквите ракописни книги релативно брзо се распространувале, бидејќи луѓето имале потреба од едноставно толкување на светот.

Дел од тие тајни книги е и Попдраголевиот зборник, кој има 272 листа и потекнува од 13-от век, а бил откриен во 1873 година во село Скутари, крај Скадар, Албанија, во старо свештеничко семејство.

– Проучувањето на ваквите тајни или забранети христијански ракописни книги сосема е невозможно без нивна споредба со Библијата. При моето истражување воочив голем број сличности и разлики со делови од Библијата. Од друга страна, факт е дека Попдраголевиот зборник досега не беше предмет на детално проучување во македонската наука за Средниот век. Затоа ком-парацијата со другите сродни преписи на тајни книги ја направив со истражување во Софија и во Белград. Истражувањата покажаа дека Тиквешкиот зборник, кој се чува во Народната библиотека ‘Кирил и Методиј’ во Софија е еден од најбогатите тајни зборници во средновековната литература. Тоа е зборник со мешана содржина, a токму ваквите зборници се карактеристични за релациите меѓу византиската, јужнословенската и староруската литература. За разлика од овој зборник, Попдраголевиот зборник од 13-ти век досега речиси воопшто не беше сериозно проучуван од македонските научници кои го истражуваат Средниот век. Ракописот е на пергамент и е оштетен во голема мера, бидејќи бил опожарен, па на одредени места е сосема нејасен. На листот 45 б има запис од пишувачот, презвитер Василиј, наречен поп Драгол. Според тој податок е добиено името на овој зборник, кој е составен од разни творби, што се тематски подредени. Многу интересни се виденијата, особено ‘Видението на пророкот Давид за царевите, последните денови и за крајот на светот’, како и ‘Видението на Исаија за последните времиња, и за тоа што ќе се случува со човечкиот род во последното поколение’.

Виденијата во Попдраголевиот зборник се пишувани со мрачно предвестие за се’ она што ќе се случи во иднина, односно тие се своевидна опомена за животот на човекот на земјата, но и насока за исполнување на Божјите критериуми. Виденијата во Попдраголевиот зборник се разликуваат од виденијата во Тиквешкиот зборник, на пример, според темата и мотивот на текстот, стилот на пишувањето, експресивноста на изразот. Оттука тој бездруго бил посакувано четиво на средновековниот читател, не само поради својата занимлива содржина, туку и поради креативноста на авторот и слободата на изразување, популарните теми и мотивите кои се обработувани. Во ‘Видението за последните денови и крајот на светот’ е искажано мрачното претскажување на пророкот Данил за иднината т.е. за царевите до последните денови на крајот на светот. Иако случувањата имаат локален карактер, Видението има општочовечки димензии, бидејќи станува збор за ‘последните времиња’ исполнети со страдања и гревови. Во основата на ова Видение или претскажување, е книгата на пророкот Данил кој предвестува апокалиптични настани. Авторот на ова тајно претскажување внесува свои коментари за владеењето на царевите и за крајот на светот, при што констатира дека свештениците ќе бидат оттргнати од престолите, а земјата ќе ја зафати голем хаос. Потоа продолжува со настан од западните краишта на градот Средец (денес Софија н.з.), каде што ќе бидат пратени гласници наречени Тириниди, кои ќе прават ѕверства, но ќе им се спротивстават оние кои се од нивните краишта и тие ќе бидат убиени. Подоцна ќе се појават двајца мачители, едниот од исток на градот, а другиот од запад. Тие меѓусебно ќе се сретнат на местото наречено Аркадун каде што ќе се убијат, а крвта ќе го потисне морето. Следува појавувањето на Измаилите, кои пристигнуваат до местото наречено Јенеј, a потоа ги пустошат Персија, Романија, Калварија, Сицилија…

Но, се вели во Видението, ќе се појави некој со име Стокофалеу, кој ќе стигне во Аркадун каде што ќе биде помазан за цар што жестоко ќе се бори против Измаилите. Борбата ќе се случува на местото наречено Пертон, каде што има двоустен кладенец, па римската крв ќе се измеша со измаилитевата. Потоа, кога ќе дојде месецот август, ќе завладее Михаил со царството, и ќе влезе во Солун од запад и ќе владее со царството со целата сила. По него ќе владее друг владетел, а во неговото владеење ќе се појават дваесет цареви во царството. Земјата ќе се тресе од нивниот изглед, а луѓето ќе бидат исплашени и ќе бегаат во планините и пештерите. Многумина ќе загинат и ќе нема кој да ги погребе нивните тела. Од планините ќе излезат нечисти странци, кои ќе ги јадат човечките тела и ќе ја пијат нивната крв. Земјата ќе се опогани од нив, и никој нема да може да им се спротивстави… Се разбира и во ова подраголево видение за последните времи- ња се употребени библиски парафрази кои ја докажуваат релацијата на авторот на текстот и неговото познавање на Библијата.

Доближување на ова апокрифно видение со Библијата има со Книгата на пророкот Данил, но пророчките виденија во Попдраголевиот запис на Данил му ги соопштува архангелот Гаврил, а во соодветната старозаветна книга, пророкот Данил ги гледа во сон. Мошне интересно е што тајниот запис за ‘последните времиња’ изобилува со топоними кои не соодветствуваат со топонимите од Библијата. Такви, на пример, се Аркадун, Вардија, Главнина, Краниево, Кродун, Мариани, Пертон, Струмица и други. Топонимот Струмица, на пример, укажува на македонскиот регион, кој очигледно му бил добро познат на пишувачот на тајниот ракопис – вели д-р Мартиновска.

РЕКАТА ТАЕН РАЈ ВО ОВЧЕ ПОЛЕ?!

Според д-р Мартиновска, другото Видение од Попдраголевиот зборник, Видението на Исаија, соопштува за послед-ните времиња, и за тоа што ќе се случува со човечкиот род во последното поколение. Пророкот Исаија е избран од Бога меѓу пророците а потоа од ангел е однесен на набесниот свод. Таму тој гледа неред, но и ангел кој седи и пее. По долгите прошетки низ сите ангелски неба, Исаија признава дека му било убаво меѓу ангелите, но, сепак, сака да се врати назад од каде што дошол. За жал, заедно со исполнетата желба да се врати на земјата, морал да го донесе и пророштвото за судбината на последниот род на земјата.

А пророштвото требало да се исполни, притоа лавот да пасе со јагнето, мечката да живее заедно со волот, а евангелието да се проповеда меѓу човекојадци и крвопијци. Ова треба да го знаат царевите за да можат да му се спротивстават навреме на бесрамниот змеј. Змејот ќе ги фати сите велможи на дрвен сплав на реката наречена Таен рај. Таа река тече низ земјата што се нарекува Мезина земја. Ете така отприлика Исаија ја соопштува вистината за тоа што ќе се случува во последните времиња. Интересно е тоа што кога змејот ќе се симне од дрвениот сплав, ќе се сместел во местото наречено Овче Поле, а потоа ќе ги победи сите народи околу себе со големи битки во кои меѓусебе ќе загинат многумина. Кладенците ќе бидат полни со нивна крв. Кога ќе започне крајот на царството во Мезината земја, ќе се јават два кнеза, едниот од исток, а другиот од запад. Западниот кнез ќе владее со жестокост, а источниот кнез со мир. Во тоа време кнезовите ќе живеат живот без тага се’ до определеното време. Тогаш ќе тргне змејот од Овче Поле на сите страни за да го заврши последното време. Тајното пророштво на Исаија е многу интересен текст, и него досега го разгледувале повеќемина истражувачи, меѓу кои И. Порфирев, П. А. Лавров, П. С. Сречковиќ, Н. С. Тихонравов, М. Кајмакова, А. Џ. Косова и други. Првиот дел соопштува за повеќе владетели кои ќе владеат пред ‘последните времиња’, но и за доаѓањето на антихристот. Вториот дел ја содржи византиската легенда за царот Михаил и за второто пришествие.

Интересно е името на царот Гордиј т.е. Чигочин, a ce спомнува и триесет и осмиот цар Гаген. Споредбата меѓу Попдраголевиот препис и подоцнежните преписи на ова видение, покажува дека подоцнежните преписи се скратени преку стилска редакција на творбата. Досега не е пронајден грчки текст од ова пророштво кој би се сметал за возможен извор на Видението, а според содржината на словото веројатно постоел таков изворен текст. Меѓутоа, според А. Милтенова тоа Видение на Исаија претставува компилација од грчки и други словенски извори, но направени по 1261 година кога е воспоставена императорската власт во Константинопол. Токму ова Видение за последните времиња е сведоштво за разво-јот на историско-апокалиптичната литература во 13-от век, но ја изразува и историската состојба на епохата. Во Видението се употребени библиски цитати од Новиот завет, поточно од Евангелието според Матеј, што докажува дека пишувачот на текстот солидно ја познавал Библијата, но истовремено употребил топоними кои ги нема во таканаречениот канонски текст, како што се Гигово Поле, Мезина, Овче Поле, Романија и Таен рај, а топонимот Овче Поле, каде што доаѓа змејот што ќе ги уништи сите владетели до последното време, укажува на тоа дека авторот на текстот добро го знаел овој дел на Македонија. Значајно е да се каже дека во ова, би се рекло македонско пророштво за последните денови, преплетени се легендарно-историски моменти, библиската и усната традиција, како и учењата за смртта, бесмртната душа, страшниот суд, крајот на светот, вечното блаженство и пеколот. Тајните ракописи во Тиквешкиот и Попдраголевиот зборник ги отсликуваат тогашните апокалиптични, библиски пораки со креативно-емотивни дополнувања од страна на авторите – вели д-р Виолета Мартиновска, автор на обемното истражување за тајните ракописи во македонската писмена традиција, кое наскоро треба да излезе како обемна книга во издание на ‘Македонска реч’ од Скопје.

Инаку, досега, д-р Мартиновска има реализирано неколку научно-истражувачки проекти од областа на старословенските ракописи во Киев, Софија и Белград, а паралелно со тоа работи и во тимот за дигитализација на културното наследство на Република Македонија.

ПРАЗНИЦИТЕ ЗА БОГОРОДИЦА СЕ ‘ПОЗАЈМЕНИ’ ОД ТAЈНИТЕ КНИГИ?!

Според Ирена Сергеевна Свенцицка од Москва, која важи за угледен експерт во истражувањето на тајните книги на првите христијани, изучувањето на ракописите кои црквата ги нарекува тајни и фалшливи, а кои во реалноста биле многу почитувани во почетокот на нашата ера од значителен број верници-христијани, всушност дава можност да се востанови вистинската историја на раното христијанство, но и да се разбере како се создавале светите’ книги. Тајните ракописи ја содржат христијанската традиција, која не престанала да се развива и менува во првите три века од постоењето на новата религија. Таа традиција ги одразувала ставовите, интересите и мечтите на различните слоеви во општеството каде што се распространувало христијанското учење. Во ракописите на првите христијани, кои подоцна се наречени тајни книги, всушност можат да се видат изворите на многу средновековни ереси. Особено се интересни, смета таа, оние творби во кои се содржат идеи кои потоа се развиле во најголемото еретичко движење на Балканот – богомилството. Инаку, христијанската црква само делата вклучени во Новиот завет ги смета за канонски, а сите останати творби на христијаните од 1 до 4-ти век, напишани во истите тие жанрови, за неа се тајни, некаконски книги.

Тајните христијански книги почнале да се сметаат за неканонски дури кон крајот на 2-от век, a no утврдувањвто иа таканаречените канонски книги, ситe кои не биле вклучени во одобрениот список почнале да се третираат како тајни книги, иако многу од нив не биле тајни туку биле отворено почитувани од многу христијански општини. Дури во 419-та година, на Картагенскиот собор, конечно бил утврден списокот на книгите на Новиот завет, но тоа на Црквата не и пречи, иако св оскудни податоците за мајката на Христос во дела-та на Новиот завет, сепак во нејзина чест да устаиови редица празници: Рождвство Богородично, Воведение иа Првсвета Богородица во Храмот, Успение Богородично и други. Настаните според кои се создадени овие црковни празници нв доаѓаат од канонските текстови туку од творби кои официјално не се признати за свети.

Како светците добиле празници Wednesday, Dec 19 2012 

Стар ет Свети Никола. Немат место рисјанско кај да се не знајт неговото име и да не се празнуат негојот празник. И комшииве него го имаат за светец. Тие го викаат Ад’рбаба.

Едно време позавиделе сите други светци, оти Свети Никола да ет толку честен. Се собрале сите и се згоориле да направат една поплака и да се оплачат Господу за таа Свети Николо’а неправдина, оти сите цркви и зел на свое име, а пак на некои од светците ни името не им се знаело. Речено, сторено. Ја напишал поплаката еден од светците и ошол да ја дајт Господу. Зел Господ сполај му, ја испеал и во часот пратил двајца ангели да појдат по Свети Никола, да му кажат оти имат поплака на него и да го заберат пред себе.

Излегле ангелите и прегледале првин на небо, Свети Никола тамо го немало. Слегле на земи. Цела ноќ кутрите ангели барале од црква во црква, немат светец никаде. Пукнала зора и тогај дури одвај едниот ангел заглеал среде море една гемија, ломење напраена и готоа да потонит и при неа сам Свети Николе. Ошле прао тамо и му кажале дека требат да тргнат со нив, зашто имат поплака на него.

– Аман слуги Божји, проговорил светецот, елате еден од вас покрепете а гемиава, ја оту пак поможете да ја куртулиме од далгава побрго за да не падните и вие кабаетлии со задоцнуењето. Се попоглеале ангелите, немало што да праат, виделе не-виделе, зеле ја спасиле гемијата и ја исплинале близу до скелето. После го забрале Свети Никола како што бил изводенет вир-вода, со испокинати алишта, со полетите запрегнати и солупен грб од крепење кораби. Ете на таа пересиа тој тој излегол и паднал ничкум пред Господа, кај што биле собрани и сите даудџии-светци. Ангелите искажале Господу сè со ред како го барале цела ноќ Свети Никола од црква в црква и одвај пред зора го нашле среде море под една искршена гемија, од кај што го собрале.

Од како искажале сè ангелите се завртел Господ кон сите светци и ништо не прогоорил. Ама од погледот негов сите разбрале оти им рекол:

Ојте и вие, прајте истото ко што прајт Свети Никола, ако сакате да бидете честени од сите рисјани.

И се поклониле Господу светците, и си ошле секи на својот конак.

И наредил од тогај Господ на секој светец да му се празнуат празник по еднаш во годината, а на кутриот светец што кодошел, на четири години еднаш да му се празнует празник.

(Тоа е преподобен Касијан Римјанин, споменот му е на 29ти февруари. Умрел во 435та година, основоположник на монаштвото на запад.)

Ако исчезне еден тип на куќа, згаснала една раса Wednesday, Dec 19 2012 

Нациите и национализмот Wednesday, Dec 19 2012 

Нациите и Национализмот

прва глава: Дефиниции

 

За национализмот Wednesday, Dec 19 2012 

Бидејќи бројот на националните држави во раниот деветнаесетти век беше мал, очигледно прашање за истражувачките умови беше кои од европските популации можат да се класифицираат како “нации” на една или друга основа, ќе бараат држава (или некоја пониска форма на посебно политичко и административно признавање) и кои од бројните постојни држави ќе бидат обоени со карактер на “нација”.

Правото за самоодлучување на нациите беше применливо само за оние што беа прифатени како способни да опстанат: културно и секако економски, што и да значи способноста за самоопстанок.


Не ли е јазикот основното што еден народ го разликува од друг, нас од нив, вистинскиот човек од варварите кои не зборуваат некој вистински јазик туку се служат со некои неразбирливи гласови? Зарем секој читател на Библијата не знае за Вавилонската кула и како пријателот се разликува од непријателот? Зарем Грците себеси не се дефинираа прото-национално на овој начин наспроти остатокот од човештвото, “варварите”?

Во “потеоретски” услови, познатите седумдесет и два јазика на кои човечкото општество било поделено по вавилонската кула (барем според средновековните коментатори на Стариот Завет) опфаќале секој посебно по неколку nationes или племиња.

Што остана од стариот обединувачки и ослободувачки национализам? На една страна и за најголемиот број националности останаа неискупените малцинства надвор од границите на националната држава – како Унгарците во Романија и Словенците во Австрија; на друга, остана националната експанзија на таквите држави на сметка на странските или на домашните малцинства. Природно останаа и некои националности без држави како во источна така и во западна Европа, како на пример Македонците и Каталонците. Таму каде што пред 1914та карактеристичното национално движење беше насочено против државите или политичките агломерации видени како мултинационални и наднационални, како Хабзбуршката и Отоманската империја, по 1919 тој целосно во Европа беше усмерен против националните држави. Спрема тоа, скоро по дефиниција, тој беше поскоро сепаратистички одошто обединувачки, иако сепаратистичките аспирации можат да бидат ублажени со политички реализам, или одложени зад допирот на некоја друга земја.

Нациите и Национализмот по 1780

Нацијата како новитет: од револуција до стварност

Популарниот прото-национализам

 

Мисирков и германските браќа по дух Wednesday, Dec 19 2012 

На почетокот на минатиот век во и околу Македонија постоела една неподнослива положба што им била позната на либералните Европејци. Македонецот Мисирков ја нацртал програмата на националниот опстанок и на културната преродба на Македонците, чија содржина била поделена на неорганизиран начин од бројни автори во странство, меѓу кои и Германци. Неорганизираноста и неспектакуларноста на ова содејство ја потенцирале оправданоста на Мисирковите идеи и визии.

Македонците со задоволство пеат, пред сè, за своите народни јунаци. За нив дури и во народната химна на Република Македонија станува збор: Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански. За Мисирков никој не пее, за него нема ниту песни, ниту легенди. Дали не припаѓа тој во кругот на славните ѕидари на современа Македонија?

Да не зборуваме за неговата прочуеност во странство…

 

текстот е од ГерМакедонија, издадена од Македоника Литера 2012та

Дали историјата има логика? Wednesday, Dec 19 2012 

Во оваа книга за прв пат се прави обид да се предодредува историјата. Станува збор за тоа, судбината на една култура да се следи во оние нејзини состојби кои се уште не поминале – и тоа една единствена култура, онаа која денеска на оваа планета е во својот залез – западноевропско-американската култура.

Очигледно, до денеска, не привлекла внимание можноста да се реши задача од вакво огромно значење; а кога тоа и се случувало, средствата да се обработи оваа задача не биле познати, или со нив се ракувало на несоодветен начин.

Дали историјата има логика? Постои ли некоја, да речеме, метафизичка структура на историското човештво, која е вон се случајна и непредвидлива во поединечни настани, некоја структура која е битно независна од надалеку видливите, популарни, духовно-политички творби што се на површината? Некоја структура која, можеби само ја предизвикува оваа стварност од понизок ред? Дали можеби големите моменти на историјата на светот – пред окото кое ги разбира – секогаш се појавуваат во форма која дозволува да се донесе заклучок? И ако е така – каде се границите на таквите заклучоци? Дали е можно во самиот живот да се пронајдат степени кои мораат да се поминат и тоа по определен редослед, кој не знае за исклучок, оти историјата на луѓето е групен поим за огромните животни текови за кои и самата јазична практика, мисловна и пишана, несакајќи ги персонифицира како индивидуи од повисок ред, како: “антика”, “кинеска култура” “современа цивилизација” – во некои “јас” или личности, кои мислат и дејствуваат? Дали можеби оние поими – кои се основани за се органско, поимите на раѓањето, смртта, младоста, староста, траењето на животот – имаат во овој круг некоја строга смисла која никој се уште ја нема откриено? Накусо, не лежат ли во основата на се историско, сеопшти биографски праформи?

Залезот на Западот, пред сè е една појава која е просторно и временски ограничена, како и нејзе соодветниот залез на антиката, што, како што може да се види, е филозофска тема која, пак, сфатена со сета нејзина тежина, ги опфаќа во себеси сите големи прашања на битието.

Ако сакаме да дознаеме во која форма се исполнува судбината на западната култура, мораме претходно да осознаеме што е тоа култура, во каков однос се наоѓа таа спрема видливата историја, животот, душата, природата, духот, во какви форми се појавува и дали тие форми се симболи па како такви можат да се толкуваат, а тие форми се: народи, јазици и епохи, битки и идеи, држави и богови, уметноста и нејзините дела, науката, правото, стопанските форми и погледите на светот, големите луѓе и големите настани.

од Залезот на Западот, издадена од Кродо

 

Херодот – татко на историјата или на лагите Wednesday, Dec 19 2012 

Како се случило Египќани да пристигнат на Пелопонез и што сториле за да се направат себеси кралеви во тој дел од Грција, беше забележано од други писатели; затоа, јас нема да додадам ништо, туку ќе продолжам да споменувам други мигови кои никој досега не ги допрел.

(Херодот, Историја, 6.55)

Поголемиот дел од нас бил подучуван да го смета Херодот за „таткото на историјата“, но дури и оние кои се следбеници на Плутарх и го ословуваат како „таткото на лагите“ тешко може да докажат дека Херодот лажел за постоењето на таквите хроники. Неговата хроника не била некаква недокажлива изјава за некои далечни луѓе, туку хроника која читателите можеле лесно да ја проверат, доколку веќе не знаеле за неа. Извесно време оставајќи го настрана проблемот околу тоа што навистина се случило над еден милениум пред Херодот да ја напише својата Историја, неговиот исказ цврсто сугерира дека во 5 век пр. н.е. постоело општо уверување дека Грција била колонизирана од Египет на почетокот од херојската епоха. Во ова поглавје, јас се надевам дека ќе покажам оти гледиштата на Херодот за египетските и за феникиските населби, иако биле третирани со удостојување и презир од најголемиот дел од современите класицисти и историчари на древноста, биле конвенционални не само во неговото време, туку и во текот на архајската, класичната и подоцнежната антика.

Пелазги

Пред да почнеме да ги истражуваме гледиштата на Грците од класичниот период за овие и за други хипотетички инвазии, би било полезно да ги земеме предвид нивните идеи за најраното население во Грција. Причината за ова е фактот што тоа е основата врз која тие го гледале дејствувањето на блискоисточните влијанија. Тука наидуваме на трнливиот проблем со најпрочуеното домородно население, Пелазгоите или Пелазгите, име употребувано различно од различни грчки автори. Според Хомер, постоеле Пелазги на двете страни во Тројанската војна. Некои од силите на Ахилеј, Хелени и Ахајци, наводно го имале населено „пелазгискиот Арг“, кој очигледно се наоѓал во Тесалија. Борејќи се на страната на Троја, од друга страна, биле воините на Хипот Пелазгот, кој пристигнал од Лариса. Можното изведување на топонимот Ларис(с)а произлегува од египетскиот топоним Р-3хт, „Влез во плодните земји“, кој веројатно бил употребуван за престолнината на Хиксите, Аварис, во богатите почви на источната делта од реката Нил. Семантичкото усогласување меѓу Ларис(с)а и Р-3хт е извонредно. Понатаму, Хомеровиот епитет за две различни Лариси бил ериболаџ (со длабока почва). Како што укажал Страбон, географот од 1. век пр. н.е. и од 1. век од новата ера, сите грчки Лариси биле на алувијални (наносни) почви.

Величественото и древно пророчиште на Ѕевс во Додона Хомер го нарекувал „пелазгиско“, епитет кој го употребувале и подоцнежни писатели. Пелазги се појавуваат и на други места во неговото набројување на луѓе од Крит, во кои биле вклучени и Ахајци, Етеокриќани, Кидонијци и Дорци. Хесиод, или евентуално Кекроп од Милет, изјавил дека „три хеленски племиња се населиле на Крит, Пелазгои, Ахајци и Дорци.“ Многу подоцна, Диодор Сицилиски тврдел дека Пелазги се населиле на Крит по Етеокриќаните, но пред Дорците.

Дури и доколку претходниот цитат не датира од времето на Хесиод кој, според античкиот модел, живеел во 10. век пр. н.е., тој добро се поклопува со набројувањето на Хомер. Кај Хомер, Пелазгите се одвоени од Етео или „вистинските“ Криќани, за кои се претпоставува дека биле нехелени, можеби анадолски народ, но далеку поверојатно е дека биле луѓе кои говореле на семитски јазик. Освен тоа, Хомер не споменал Данајци или Арѓани на Крит. Овие факти, заедно со општата конотација „домородни“ поврзана со името, се причина за веродостојниот предлог дека Пелазгите биле најраните жители на островот кои говореле хеленски или грчки. Значи, се чини дека редоследот на Хесиод е хронолошки: Пелазгите пристигнале на островот пред ахајската инвазија во 19 век пр. н.е., и пред инвазијата на Дорците од 12. век пр. н.е. Поради тоа, тие и во двете набројувања изгледа дека се еквивалент на Данајците.

Понатамошна индикација дека критските Пелазги биле Хелени доаѓа од врската, предложена од неколку научници, меѓу Пелазгите и Филистејците кои се населиле во Палестина во 12. век пр. н.е. Според една прилично голема библиска традиција, се претпоставувало дека Филистејците пристигнале од Крит. Равенката меѓу „Пелазг“ и „Пеласт“ вообичаено беше објаснувана со постулирање на една оригинална „претхеленска“ експлозивна согласка, која била слушана како „г“ од Грците, и како „т“ кај луѓето кои говореле египетски и семитски јазици. Освен моите сомнежи за постоењето на претхелените, мошне тешко е да се конструира согласка некаде меѓу „г“ и „т“.

Доколку, како што сметам на други места, грчкиот алфабет бил во употреба од 15. век пр. н.е., таква грешка може да ги објасни не само овие текстуални варијанти, туку и самото име Пелазгои. Ова би можело да биде произлезено од „Пеласт“, вокализацијата реконструирана за ханаанската форма. Иако природата на филистејскиот јазик или јазици е сè уште мошне неизвесна, најверојатните кандидати се западноанадолските јазици како лидискиот или грчкиот. Според мене, далеку поверојатно е дека станува збор за грчкиот јазик. Значи, доколку тука постои некакво равенство меѓу Пелазги и Филистејци, што е возможно, и доколку Филистејците говореле на грчки јазик, што е веројатно, тоа уште повеќе би ја зголемило веројатноста дека критските Пелазги говореле на хеленски јазик.

Морски песок за бериќет Tuesday, Dec 18 2012 

се пее на трпеза на Свети Никола

Заспал задремал свети Никола

во стреде море на мермер плоча,

малку му поспал тој три години.

До три години сонце не огреа,

до три години ветор не веа,

до три години дош не ми врна,

да се не роди нишчо берикет,

да ми станала тешка скопија,

Туе помина Богородица,

да си разбуди свети Никола:

-Стани ми, стани, свети Никола.

Од сон ми стана и се поклони.

-Да шчо ме дигаш, ти света мајко?

-Да е станала тешка гладија,

ти да си земеш кола с волови

да си наполниш од море песок

от да си тргнеш по сета земја,

коде да минеш, се да си сееш.

Тој пак си фпрегна кола с волови,

оту си тргна по сета земја,

сос мрва семе многу берикет.

Коде со рока, коде с два прста,

по мрва фрлат благословуват:

-От мрва семе, многу берикет!

Тој ми ишетал по сета земја,

коде со рока, коде с два прста,

во пусто Скопје сос сета кола.

Свети Никола гради цркви Tuesday, Dec 18 2012 

Цркви гради стар свети Никола,

градил ги е од злато и сребро,

оште малко не са доградени, –

не стигнало злато и па сребро,

па се чуди стар свети Никола,

дек да најде злато и па сребро,

да догради цркви монастири.

Па си зема златна патерица,

па си шетна на горе на доле

отиде си крај Белото море,

там си виде таја мрена риба,

дек играе по дно на морето,

криљето и злато позлатени

а в устата безцен камен носи,

та си свети по дно на морето.

Удари си стар свети Никола,

удари си с златна патерица,

удари си това Бело море,

раздели се това Бело море,

улезна си стар свети Никола,

па си фана таја мрена риба,

риба му се милно помолила:

-Пушти ме мене, стар свети Никола

алал да е златото и сребро!

Проговарја стар свети Никола:

-С’ сребро, злато цркви ќе дограда,

безцен камен у олтар ќе остава,

тебе, Рипке, курбан ќе те колам!

 

Next Page »