За национализмот Wednesday, Dec 19 2012 

Бидејќи бројот на националните држави во раниот деветнаесетти век беше мал, очигледно прашање за истражувачките умови беше кои од европските популации можат да се класифицираат како “нации” на една или друга основа, ќе бараат држава (или некоја пониска форма на посебно политичко и административно признавање) и кои од бројните постојни држави ќе бидат обоени со карактер на “нација”.

Правото за самоодлучување на нациите беше применливо само за оние што беа прифатени како способни да опстанат: културно и секако економски, што и да значи способноста за самоопстанок.


Не ли е јазикот основното што еден народ го разликува од друг, нас од нив, вистинскиот човек од варварите кои не зборуваат некој вистински јазик туку се служат со некои неразбирливи гласови? Зарем секој читател на Библијата не знае за Вавилонската кула и како пријателот се разликува од непријателот? Зарем Грците себеси не се дефинираа прото-национално на овој начин наспроти остатокот од човештвото, “варварите”?

Во “потеоретски” услови, познатите седумдесет и два јазика на кои човечкото општество било поделено по вавилонската кула (барем според средновековните коментатори на Стариот Завет) опфаќале секој посебно по неколку nationes или племиња.

Што остана од стариот обединувачки и ослободувачки национализам? На една страна и за најголемиот број националности останаа неискупените малцинства надвор од границите на националната држава – како Унгарците во Романија и Словенците во Австрија; на друга, остана националната експанзија на таквите држави на сметка на странските или на домашните малцинства. Природно останаа и некои националности без држави како во источна така и во западна Европа, како на пример Македонците и Каталонците. Таму каде што пред 1914та карактеристичното национално движење беше насочено против државите или политичките агломерации видени како мултинационални и наднационални, како Хабзбуршката и Отоманската империја, по 1919 тој целосно во Европа беше усмерен против националните држави. Спрема тоа, скоро по дефиниција, тој беше поскоро сепаратистички одошто обединувачки, иако сепаратистичките аспирации можат да бидат ублажени со политички реализам, или одложени зад допирот на некоја друга земја.

Нациите и Национализмот по 1780

Нацијата како новитет: од револуција до стварност

Популарниот прото-национализам

 

Трансформацијата на национализмот Wednesday, Oct 24 2012 

Ерик Хобсбаум – Нациите и Национализмот по 1780 / програма, мит стварност

четврто поглавје:

ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА НАЦИОНАЛИЗМОТ  1870 – 1918

(кликни за pdf)

Почина големиот историчар Хобсбаум Tuesday, Oct 16 2012 

Ерик Хобсбаум на ЛОЗА

превземено од ГЛАС број 6

Македонците и Каталонците Monday, Oct 8 2012 

 

Природно останаа и некои националности без држави како во источна така и во западна Европа, како на пример Македонците и Каталонците.

Ерик Хобсбаум – Популарниот прото-национализам Monday, Oct 1 2012 

Нацијата како новитет: од револуција до либерализам Sunday, Sep 23 2012 

од Нациите и национализмот по 1780 – програма, мит, стварност – издадена од Култура

клик за pdf