Како Свети Никола доби име за меѓународна употреба Tuesday, Dec 18 2012 

Пред многу години Бог заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, а за свети Никола два дена. И не само тоа, туку за преподобниот Кисијан, кој најмногу го кодошел, наредил само еднаш на четири години да му се празнува денот 29 февруари. Ако се преведе со денешен јазик, Кисијан бил лустриран, па пред Бога се појавува еднаш на четири години, како пратеник за нов пратенички мандат. Но шегата настрана, тема на овој текст не се ниту Кисијан ниту лустрацијата, ами свети Никола, еден од култните светци на христијанството, кој во Македонија се празнува речиси масовно. Дел го слават како именден, или како домашна слава, но многумина се чини не знаат дека токму овој христијански светец е инспирација за создавање на таканаречениот Дедо Мраз, глобалниот светец на потрошувачкото општество. Затоа некои велат дека свети Никола, по старо, всушност е Дедо Мраз по ново. Таквата замена на името за „внатрешна употреба“ со ново име за „меѓународна употреба“ се случила тогаш кога бил измислен преводот на Санта Клаус со Свети Никола. За фолклористите, пак, свети Никола бил трансформиран во Дедо Мраз затоа што во народните верувања, песни и приказни, но и на старите икони и фрески редовно е прикажуван како старец со долга бела коса и брада. Сепак, засега, се разбира, сé уште не се знае точно како настанала приказната за Дедо Мраз, која доаѓа од север, и како таа приказна се вклопила во биографијата на свети Никола?


СКОПЈЕ БИЛ ГРАД НА ЧУДОТВОРЕЦОТ!

Според проф. д-р Марко Китевски, свети Никола зазема значајно место во традицијата и верувањата на македонскиот народ, а многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник, празнувајќи го неговиот ден – денот на неговата смрт, 19и декември. Еве што вели Китевски за овој светец.

– Во народното верување овој светец е присутен како еден од најголемите култови во христијанството, а Македонија го има прифатено масовно. Постојат сведоштва дека во Скопје, на пример, овој празник се славел буквално во секое второ семејство, а сега градот нема дури ни црква посветена на овој светител. Славењето на чудотворецот е меѓу најраспространетите наши празници, а дека е така потврдува и тоа што единствено нашата земја во овој дел на Европа има град со името на Свети Никола. Инаку, култот кон неговиот живот и неговите дела е познат од 6 век, а најстарото житие за него потекнува од 9 век. Важел за заштитник на сите луѓе, па затоа високо го ценат не само православните туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, кои, како што стои во некои записи од тоа време, го нарекувале Ад’р-баба. Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, дека ги помагал сиромашните, ги заштитувал затворениците, неправедно осудените и слично. Сепак, во народното предание, најмногу е запаметен како господар на водите и на морињата, а со тоа и како заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода, зашто се верува дека тој многумина спасил од давење уште додека бил жив. Во едно предание се раскажува дека еднаш кога патувал со брод, бродот потонал, а тој шест недели поминал на парче штица во водата. За цело време се молел да биде спасен, а Бог не само што го спасил туку, затоа што бил исполнет со верба кон него и затоа што го молел со искрено срце, го назначил за заштитник на морепловците. Во таа смисла Марко Цепенков запишал дека свети Никола е постојано присутен на морињата за да ги „варди луѓето од талазите“, додека во записите на обичаите во Гевгелиско, пак, е забележано дека овој ден се празнувал „поради дождови и поплави“. На Дојранско Езеро, на пример, рибарите на свети Никола не влегувале во чуновите, а во Солунскиот Залив престанувал целиот сообраќај.

И Ефтим Спространов во обичаите од Охрид забележал дека светецот Никола бил тој што „праит чудесија“. Од друга страна, во македонските народни песни, пак, овој светец е опеан како „стар свети Никола, кој може да го одмрзне дури и замрзнатото море, но и да гради цркви и манастири“. Во една од песните што останале во меморијата на нашиот народ се спомнува и жртвувањето риба како курбан за црквата што светецот ја градел. Тоа се поврзува со обичајот да се јаде риба за празникот, кој спаѓа во божиќните пости, како и со обичајот во некои места за курбан да се готви крап.
И во песните на „Зборникот на браќата Миладиновци“ се зборува за делбата меѓу четири ангели, меѓу кои е и свети Никола, кој во таа делба ги добил водите, бродовите и гемиите по морето, или, како што вели песната, „он да ги имат, он да и повељат“. Токму затоа што правел само чуда и добрини, но и затоа што секогаш бил прикажуван како старец со бела коса и бела долга брада, западната комерцијална фантазија го искористила како урнек за да го создаде ликот на Дедо Мраз, старец што исполнува желби, правејќи чуда и добрини насекаде каде што ќе стигне со својата глобалистичка суперсонична санка.

Кодошот има празник на четири години!

– Во една приказна, запишана од Јосиф, ѓакон од манастирот „Света Пречиста“ кај Кичево, објавена во цариградскиот весник „Новини“ кон крајот на 19 век, меѓу другото се раскажува дека едно време другите светци му завидувале на свети Никола затоа што бил многу почитуван од луѓето, па се поплакале на Бога за тоа, а Бог ја примил поплаката и веднаш испратил двајца ангели да го повикаат кај него. Откако не го нашле на небото и на земјата, го здогледале среде море како крепи една гемија готова да потоне. Штом го виделе веднаш му ја пренеле заповедта на Бог, а тој ги замолил најпрво да му помогнат да ја извадат гемијата на суво. Виделе-невиделе ангелите му помогнале, а потоа, така накиснат, вели приказната, жива вода сторен, и со искинати алишта, го одвеле пред Бога. Тука во тој момент биле собрани сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека, ако сакаат да бидат почитувани како свети Никола од луѓето, треба да го прават тоа што го правел тој. И тогаш, се вели во приказната што ја запишал монахот Јосиф од манастирот „Света Пречиста“, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, а за свети Никола два дена. И не само тоа, туку за преподобниот Кисијан, кој најмногу го кодошел, заповедал еднаш на четири години да му се празнува денот 29 февруари – вели д-р Китевски.

И според д-р Михајло Георгиевски, свети Никола е еден од врвните христијански светители, голем чудотворец, кој зазема посебно место во животот и обичаите на македонскиот народ.

– Многу семејства во Македонија утрешниот ден, Денот на свети Никола, 19 декември, го имаат за свој домашен заштитник. Интересно е тоа што овој светец важи за заштитник на сите луѓе од секакви неприлики, независно од верата, расата и нацијата. За животот, чудата и светителските дела на свети Никола дознаваме од неговото житие од 9 век. Според житието, идниот свети Никола се родил во втората половина на 3 век во Патара, град во малоазиската област Ликија. Како момче неговиот чичко Никола, по кого бил крстен, а кој бил епископ патариски, ги наговорил неговите родители да го посветат својот син на служење на Бога и наскоро го вовел во службата во чин презвитер. За време на ракополагањето епископот се свртел кон народот и, меѓу другото, рекол дека тој ќе им биде „утеха на сите онесреќени и помошник на сите страдалници“. И, навистина, цел живот не престанал да им помага на страдалниците, да ги заштитува невините, да ги закрепнува слабите со словото на вистината и верата. Биографијата на презвитерот Никола, објавена во најстарото житие за него од 9 век содржи и други настани и чуда што ги правел додека бил во патарската епархија, но и подоцна.
И подоцна, како архиепископ на Мираклиската црква, секогаш бил строг кон себеси, а истовремено уште повеќе се трудел за доброто на народот. За поуспешно да ја врши својата работа одбрал двајца соработници од презвитерите, а сите луѓе ги примал со таткова љубов, ги сослушувал молбите и поплаките, беспоштедно давал помош и совет, строго се застапувал за невините и обесправените. Со такви грижи го затекнала бурата на прогоните против христијанската црква, која во текот на претходните 50 години работела во мир и тишина. Страшните прогони предизвикани од императорите Диоклецијан и Галериј продолжиле полни 10 години, а почнале во главниот град на Никомидија, каде што на самиот празник Рождество Христово во храмот живи била запалени околу 20.000 христијани. Оттаму прогоните се прошириле речиси низ целата Римска Империја. Сепак, свети Никола доживеал длабока старост, починувајќи тивко и блажено, по кратко боледување, во 342-та година. Телото му било погребено во катедралата во градот Мир, а потоа миро од неговите свети мошти за исцеление добивале сите верници што доаѓале на поклонение. Во 1099 година моштите биле пренесени во градот Бари, Италија, каде што се чуваат и денес.

„КОКА-КОЛА“ ГО РАШИРИЛА КУЛТОТ ЗА ДЕДО МРАЗ БЛАГОДАРЕНИЕ НА СТАЛИН?!

Во Македонија утре се празнува свети Никола, чудотворецот што за секој човек имал подарок. За жал, сега тој веќе не носи подароци како што носел пред стотина години. А тогаш, дури и во овие краеви на светот, децата подароците ги чекале само од него. Сега го чекаат Дедо Мраз. Како свети Никола од иконите и фреските се преселил на камионите што носат „кока-кола“ и како станал дедо со црвени образи и со карактеристична глобална насмевка?

Првпат денешниот Дедо Мраз, метафорички потомок на свети Никола, бил прикажан на цртеж во 1931 година, облечен во црвен костим со бело крзно, како комерцијален бренд на компанијата што правела пијалак за целиот свет. Таков, каков што со мали измени се задржал до денеска, го нацртал Хадон Синдлом, со намена да се зголеми продажбата на пијалакот, а истовремено компанијата да се прикаже низ благороден добродушен човек што дели подароци насекаде во светот.

Инаку, освен свети Никола, односно освен овој трансформиран свети Никола со „кока-кола“ во раката, кој е светски лидер во оваа област, во Франција подароците ги носел Пер Ноел, во Англија – Фадер Крисмас, во Италија – Ла Бефана, во Шведска тој се нарекува Јултомтен, во Холандија го нарекуваат Синтерклас, во Финска е Јоилипуки, кој како лик е најсличен со оној од приказната на „Кока-кола“. Впрочем, скандинавските ликови влијаеле најмногу врз американската приказна за оној што носи дарови со санка што ја влечат суперсонични ирваси. Затоа најпрво Дедо Мраз е нацртан како стар и весел дебелко, како холандскиот Синтер Клас од почекот на 19 век. Во Америка се појавил како лик со име Санта Клас, кој личел на некакво добродушно животно со рилка завиткана во американско знаме. Во вториот обид, Санта Клас станал човек со широко лице и дупченца на образите, црвен нос, бела брада и голем тркалезен стомак. Облечен е во бојата на „Кока-кола“, се разбира.

Сепак, најинтересно е тоа што по Втората светска војна, власта на СССР, најголемата христијанска земја во светот, односно другарот Сталин лично забранил да се употребува името на свети Никола, а со тоа отвора простор христијанскиот светец во глобални рамки веднаш се замени со Дедо Мраз. Оттука, Дедо Мраз е измислица на западната комерцијална машинерија, но во исто време тој е и трансформација на свети Никола, односно искомерцијализиран лик на светецот од Мирликиската митрополија. Да не беше Сталин, свети Никола можеби сé уште ќе делеше подароци без да има обврска да се појавува на камионите на „Кока-кола“!

извор: Нова Македонија

Крст над Свети Николе Tuesday, Dec 18 2012 

Според историските факти, малото градче навистина е свето место.

Заштитникот на градот, Свети Никола, се празнува два пати во годината – на зима, 19 декември и пред лето на 22 мај, кога е Летен Свети Никола (празник на пренесување на моштите на Чудотворецот).

Турските пописи од XVI век забележале дека на територијата на денешниот град постоеле две населби – Овче Поле (кај Рецко маало) и Исви Никола (Свети Никола) или Крк Клисали – населба покрај цркви, црквино (околу денешната црква). Низ народот кружи предание дека во Свети Николе имало 40 или 42 цркви, скоро сите уништени од османлиите.

Ова послужило како инспирација на архитектот Николај Карташев, по мајка Овчеполец а по татко Русин, во седумдесетите години на минатиот век да го креира првиот урбанистички план на градот, според кој што  старото црквено маало требало да си остане исто. Тој ги  проектирал Домот на Културата и споменикот од столбови на поранешниот мермерен плоштад, како спомен на старите цркви. За жал првиот урбанистички план на градот предложен од архитектот Николај Карташев не одговарал на тогашните власти.

Под денешната црква Свети Никола се наоѓа старата црква. Летото минатата година почна реновирањето на истата, а со одлука на владиката Иларион беше преосветена со престол на светецот Прохор Пчињски кој е роден во Овче Поле. На 01.11.2011, денот кога се празнува овој светец, беше одново отворена за јавноста.

При копањето за спречување на појава на влага во старата црква, на северната страна се појавиле ѕидови со сводови од уште постар објект, како и неколку гроба. Пронајдените артефакти се предадени во локалниот музеј. Од таму не известија дека сеуште работат на проверка на истите и неможат да ни дадат поопширна информација.

Свештениците и дел од црковниот одбор пренесоа дека имало нараквица (белегзија) во гроб од дете, копче во гроб од возрасен, кое што потврдило дека станува збор за христијанин, монета од IV век, како и ѕидови и сводови кои што наликувале на ранохристијанска базилика. Местото каде што се појавиле овие остатоци сега е затрупано, се чека на подобри времиња за некој конечно да интервенира.

Црковни места во Свети Николе и крстови од камен поврзани според четирите страни на светот, отсликуваат КРСТ. Свети Илија на запад, Свети Стефан на исток, Свети Никола на север и Свети Спас на југ се локации каде што и пред денешните крстови и цркви, веројатно имало храмови. Линијата од исток кон запад поминува во близина на денешната полициска станица, каде што постоела црква, срушена за да биде заменета со џамија.

Повторно како случајно и линијата исток запад поминува таму.

povtorno

Во т.н. “американско маало” кај стариот ат пазар при копање за водовод, биле најдени остатоци од храм. Повторно на истата линија. Што крие мајката земја, времето ќе покаже. А до тогаш, трпение. Спасение. 

Македонски песни на филм и ТВ Monday, Dec 17 2012 

Македонските песни во филмовите и телевизиските серии

 

Солунските атентатори Monday, Dec 17 2012 

Македонски филм 1961

 

Ста Варвара е празник Monday, Dec 17 2012 

Ста Варвара е празник некаде к’де пулувината бужиќевија пост. Туга се празнува, напрееја се момечетата, момеченца – гулеми и малечки. Малечките се мераклии, кату видаа гулемите, погулемите се наприли, и тија искаа да и напрееја. Некуа жена има момече, тја рече: “Се ќе дума, г’рќините ќе дојдаа дума да ужнуваа”. Свари боп с чекане, рибник, леб им испече, пугаче и се напрееја ид маалата е-е-е куприненчетата врза удгоре на них да се убави, да се ѓиздави. И има тува еден рит, туку нат селоту, Света Петка се вика, има и крс там; там се излааза. Излезаа там, се нафатаа на ору, пееја, играа. И пееја песента Ста Варвара, буксава, Свети Никола. Пееја, играа дукату се наиграа, дукатусе умораа. И бегаа си – едни са у таа маќа утишли, у тава момече да јада, друзи па у другу идаа, веќе. Маќата е турила на чердаку, вика, трепеза. И тија укулу неа се врте, играа, играа, наседаа уморени, радосни, теквија им драгу, најада се и тава е. И дугудина па, викаа. Дугудина па ќе се напраеме.

 

Обичаи – Ста Варвара е празник

од МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ УМОТВОРБИ ОД РАЗЛОШКО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

1992

Институт за фолклор Марко Цепенков

 

 

Богомилското движење Monday, Dec 17 2012 

Македонија низ историјата – документарна програма

Аристотел и Египет Monday, Dec 17 2012 

Аристотел не само што бил ученик на Платон, туку учел и во Академијата под раководство на Евдокс од Кинд, величенствениот математичар и астроном, за кого постоеле искази дека поминал 16 месеци бричејќи си ја главата во Египет, со цел да учи со тамошни свештеници. Аристотел бил под огромно влијание и од тврдењата на Херодот за Египет, и очигледно бил фасциниран од таа земја. Иако повремено ја нагласувал големата древност на месопотамиската и на иранската цивилизација, неговиот став изгледа велел дека Еѓипјаните биле најдревните луѓе. Аристотел бил подеднакво контрадикторен и по прашањето на дифузионизмот. Повремено го искажувал своето уверување во независната инвентивност кај различни култури, но затоа Египет бил колевката на математиката, бидејќи на кастата на свештениците и било дадено големо слободно време, schole. Според Аристотел, свештениците ги измислиле mathematikai technai (математичките вештини), во кои биле вклучени геометрија, аритметика и астрономија. Всушност, неговото одушевување од Египет го надминало воодушевувањето на Херодот во една поединост. Таму каде што Херодот верувал дека Еѓипјаните ја развиле геометријата, клучната наука, поради практични причини, за мерење на земјата откако ориентирите биле однесувани од поплавите на реката Нил, Аристотел верувал дека геометријата биле теориски развиена од свештениците.

"Вие Грците секогаш сте деца" Monday, Dec 17 2012 

Современиците на Платон го исмевале, велејќи дека тој не бил изумителот на својата држава, туку дека копирал египетски институции. Тој им придавал толку големо значење на исмевачите, така што на Египет му ја припишал приказната  за Атина и направил Атињаните да велат дека навистина живееле под овој режим во определен момент од минатото.

Во своите дијалози Тимај и Критија, Платон говорел за чудесата на изгубената цивилизација Атлантида и за нејзиниот страотен колапс. Постоела широко распространета, но само доцна потврдена традиција, дека Атина била основана од Кекроп од Египет, кој дошол од градот Саис од западната делта. Постоело и признавање дека Нуит, божицата на тој град, била иста како и Атена.

Во прочуениот пасус за митот на Атлантида, Платон му ја припишал на Критија следнава приказна:

Кога големиот атински законодавец Солон пристигнал во Саис во раниот 6ти век пне, кога Саис бил престолнина на Египет, кон него се однесувале како со роднина поради посебниот однос кој жителите на Саис го чувствувале кон оние од Атина. Дури му бил дозволен и разговор со египетски свештеници од повисок ранг. Еден од нив, откако го укорил Солон со прочуените зборови ‘Ох Солон, Солон, вие Грците секогаш сте деца’, продолжил да му кажува на Соолон дека божицата ја основала Атина пред Саис, а не спротивно. Тој му објаснил дека ваквото незнаење на Атињаните, како и општото грчко непознавање на сопственото минато, се должело на периодичното уништување на грчката култура од огнени и водени катастрофи, кои го избришале споменот за поранешната слава на Атина. Меѓутоа, во Египет, благодарејќи му на неговата поволна позиција, институциите биле зачувани.

Значи, според Платон, доколку некој сакал да им се врати на древните атински институции, тогаш тој морал да се сврти кон Египет. Колку подлабоко се оди кон вистинските хеленски корени, толку поблиску се стига до Египет. Платон, како и Сократ, бил уверен во колонизациите на Пелоп, Кадмо, Ајгипт и Данај, и изгледа го прифатиле ставот на Херодот дека варварите со себе донеле значаен културен багаж.

Македонски џез – Со маки сум се родил Sunday, Dec 16 2012 

Ж. Глишиќ / Македонска музика

Селското движење на Богомилите Sunday, Dec 16 2012 

Кочо Рацин – Селското движење на Богомилите во средниот век

 

« Previous PageNext Page »