Сценската творба Срешта на Војдан Чернодрински е првата драма во стихови на современ македонски јазик. Драмата е завршена на 03 јуни 1903 и праизведена на 5 август истата година. Само четири дена подоцна делото е изведено и во форма на оперета, пеењето било придружено со гитари и мандолини, како и со концертно цртање.

Авторот го определува делото како едноактна сцена во стихови на простонароден македонски говор од борбите за политичкото ослободување од турското ропство, посветена во спомен на апостолот на слободата Гоце Делчев од неговиот соборец и идеен другар Војдан Чернодрински.

Срешта е драма за Гоце Делчев само еден месец по неговото загинување.