Ѓорѓи Баласчев, познат и под псевдонимот Езерски, бил еден од иницијаторите за основање на Младата македонска книжовна дружина (1891) и на сп. „Лоза” во Софија (1892), обележан како сепаратист. Го уредувал научното сп. „Минало” (1909–1919). Бил член на Македонскиот научен институт во Софија. Објавил околу 80 научни трудови од средновековната македонска и бугарска историја. Познаник на Мисирков од заедничкиот престој во Белград (1889) и во Софија (1890), кој во времето кога се ставаа основите на Младата македонска книжовна дружина, под псевдонимот Езерски, ја објави првата книга на македонски јазик за лозарското движење: „Неколку кратки летописни белешки за состојбата на западните Македонци…”

Прочитај биографија

Минало : бЪлгаро-македонско научно списание – на страната на Дигитална библиотека при НУБ “Св. Климент Оxридски“

МакедонскиятЬ вЬпросЬ – преведена од Баласчев – на страната на Дигитална библиотека при НУБ “Св. Климент Оxридски“