Запис за Мала Преспа Wednesday, Sep 26 2012 

.

Тирана, 20 април 1965 г.

Стерјо Спасе

извор:
Македонски Народни Песни од Мала Преспа 

Фолклор од Мала Преспа Tuesday, Sep 25 2012 

Песни од Мала Преспа Tuesday, Sep 25 2012 

Фолклор од Мала Преспа Friday, Jun 29 2012 

Прибирањето и презентацијата на фолклорот од деловите во Албанија со македонско население претставува обид да се зачува од заборав дел од духовната култура на Македонците што живеат надвор од границите на денешна Македонија. Македонските народни песни се пееле и сеуште се пеат на западниот дел од Преспанското Езеро, во подрачјето на Мала Преспа, што се наоѓа бгнездена во подножјето на Сува Гора. Во ова подрачје се наоѓаат девет села – Церја, Зарошка, Лајтиза, Пустец, Шулин, Гломбочани, Мала Горица, Безмишт (Туминец) и Голема Горица, чиишто жители по потекло се Македонци и нивен мајчин јазик е Македонскиот, и кои сè уште се чувствуваат како дел од Македонскиот етникум.

Обредните или обичајните песни и ден денеска се пеат во Мала Преспа, Албанија. Обичаите и ритуалите сцрзани со нив најмногу и најавтентично се зачувани во селата. Таа традиција продолжува понатаму и се пренесува од поколение на поколение. Дури и во денешни услови се чувствува почитта на старите и младите за нивната магиска моќ, во надеж дека овие ритуали што се извршуваат еднаш годишно ќе им донесе многу среќа, здравје и здрав пород…

– од Македонски Народни Песни од Мала Преспа

Стерјо Спасе

Институт за фолклор Марко Цепенков 

1992