Според Библијата и Стариот завет, Ева била првата жена што ја создал Господ од реброто на Адам. Отсекогаш Ева била синоним за мајка на човештвото, мајка на сите народи и раси, баба на нашите предци – што го покажува значењето на нејзиното име – онаа што дава живот / извор на животот –  од еврејскиот збор חַוָּה, Ḥawwāh. Таа била создадена за да му биде сопатничка на Адам како првороденец, како постар авторитет. Во целата библиска приказна посебно место наоѓа митот за првобитниот грев и змиската (серпентинската) интерференција како суштество кое ја мотивира Ева да скине јаболко од забранетото дрво на спознанието.

Еврејскиот фолклор и кабалистичката традиција зборуваат за другата жена на Адам, поточно за неговото прва сопруга – Лилит, легендарно суштество кое води потекло од месопотамискиот демон на бурите и невремето.

Нејзиното име се споменува уште во вториот милениум пред нашата ера во Акад и Сумер од каде почнало тоа име да функционира како метафора за некои сили на природата (ветар, бура, молња, виулица), за многу подоцна да биде превземено од еврејскиот мистицизам и доработено во средновековните апокрифи како развиена приказна за темната двојничка на Ева.

За разлика од Ева, Лилит е создадена истовремено со Адам, од истата прав и истиот божествен здив, па предимството на Адам како првороден овде не функционира. Лилит затоа бара рамноправност…

 

Култот на Големата Мајка

(аспекти на женскиот креативен принцип)

М-р Нешка Николова