Најстари македонски композитори Monday, Nov 19 2012 

Атанас Бадев (1860-1908) е најстариот македонски композитор со официјално музичко образование.

Бил ученик на русите композитори Милиј Алексеевич Балакирјев и Николај Андреевич Римски – Корсаков, а студирал во Москва, Софија, Солун и Петроград.

Бадев е автор на првата македонска литургија: во 1898та година ја напишува Златоустовата литургија за мешан хор; делото е објавено во Лајпциг.

Најстар музички уметник од македонско потекло е Јован Кукузел. Овој композитор и музички теоретичар потекнува од Дебарско (село Џерменци) и живеел веројатно во 14 век, иако некои автори ги наведуваат 11 или 15 век.

Тој е главен реформатор на православното пеење и на нотацијата. Главни дела: Придворна херувимска песна, С’ више пророци, Аниксантори и Причастно.

 

Македонска книга на рекорди

Детска Радост

библиотека Видра

1992

 

види: Музика во Прилеп, 19 век

Музика во 19 век Monday, Nov 19 2012 

Прилеп (1879 – 1926) – едно од првите хорски друштва во Македонија. Основач и прв диригент на хорот бил Атанас Бадев. Раководењето со колективот по него го презел Георги Смичков. Друштвото учествувало во црковните обреди и на разни градски свечености, исполнувајќи значајна културно – просветна улога во својата средина. Според зачуваните материјали, членовите на хорот се служеле со транскрибирани штимови во Хрисантова невматска нотација, од партитури на руски и на други странски автори.

Никола Киров Мајски е роден во семејство со револуционерни традиции, кое потекнува од охридското село Свиништа. Дедо му Трајко, познат по прекарот „Демир (Железен) Трајко“ своевремено важел за голем народен закрилник. Татко му Киро бил ѕидарски мајстор, изучувајќи го старословенскиот и грчкиот јазик.

види: Најстари македонски композитори