Музика во 19 век Monday, Nov 19 2012 

Прилеп (1879 – 1926) – едно од првите хорски друштва во Македонија. Основач и прв диригент на хорот бил Атанас Бадев. Раководењето со колективот по него го презел Георги Смичков. Друштвото учествувало во црковните обреди и на разни градски свечености, исполнувајќи значајна културно – просветна улога во својата средина. Според зачуваните материјали, членовите на хорот се служеле со транскрибирани штимови во Хрисантова невматска нотација, од партитури на руски и на други странски автори.

Никола Киров Мајски е роден во семејство со револуционерни традиции, кое потекнува од охридското село Свиништа. Дедо му Трајко, познат по прекарот „Демир (Железен) Трајко“ своевремено важел за голем народен закрилник. Татко му Киро бил ѕидарски мајстор, изучувајќи го старословенскиот и грчкиот јазик.

види: Најстари македонски композитори

Македонскиот сепаратизам Thursday, Nov 8 2012 

Македонско „национално-сепаратистичко” културно-литературно и ослободително движење сред младата македонска интелигенција и емиграција во Бугарија што се појави како тенденција кон крајот на 80-тите и се изрази во почетокот на 90-тите години на XIXв., именувано по насловот на сп. „Лоза” (1892), орган на Младата македонска книжовна дружина во Софија.

Поради сепаратистичките идеи и активности, тоа беше јавно напаѓано и брутално прогонувано од властите и прерасна во други идејни и револуционерни форми, станувајќи основа, меѓу другото, и за формирањето на Македонската социјалистичка група и на Македонската револуционерна организација (1893).

 


“iиедно национално сепаратистично движеiне со цел’а да се оддел’ат интересите на Македонците од бугарцките со возведуаiин’е на iиедно од Mакедонцките наречиа на степен на литературен iазик за сите Mакедонци. Орган на тоа сепаратистско движеiн’е беше журналот ,ЛОЗА’. Tоа дуовно движеiн’е на Mакедонците не се ареса на бугарцкото стамболовцко праител’ство, коiе забрани да се издаат и зафати да гонит Македонците сепаратисти”

Барон Александров Бели – Македонецот Tuesday, Nov 6 2012 

БЕЛИ-МАКЕДОНЕЦОТ, Барон Костадин Александров (роден во с. Блаца, Егејска Македонија а починал во Виена, Австрија)

МАКЕДОНСКИ патриот, добротвор.

Поради албански насилства, богатиот татко Александар со семејството се преселил во Цариград и во 1802 г. бил близок со влашкиот кнез Ј. Караџа, па се преселиле во Букурешт, а веке заможниот Костадин се префрлил во Виена, каде што и останал до крајот на животот. За благородните дела што ги правел, од императорот Фозеф II ја добил титулата барон. Како голем македонски патриот, својата богата библиотека со тестамент му ја подарил на новооснованото училиште во Нова Пела. Во 1835 г. потпишува тестамент, со кој ја изразува својата почит кон скоро ослободената Грција и, “покрај тоа што сум се родил во Македонија”, заветува свој имот во Атина за да се издржуваат извесен број клиники во кои да се лекуваат Македонци болни од секаква болест – и тие болнички места да се викаат “Легла на болните – заштитници на баронот Костадин Бели – Македонецот”.

Бил предложен за почесен граѓанин на Атина, а во новата населба Нова Пела биле изградени црква и училиште, на кое му ја подарил својата богата библиотека, со лична порака: “кога Македонија ќе достигне таков степен на развиток за да создаде свои училишта, тогаш Општинскиот совет на Нова Пела е должен книгите да и ги отстапи на јавноста во Македонија”. Баронот станал член – основач и донатор на едно Просветно друштво и бил иницијатор за основање и на Археолошко друштво во Атина. Потоа потписал завештание при Баварската влада, од чијашто камата “да се дава стипендија на двајца млади Македонци за време од 6 години што би студирале во Академијата во Минхен”.

Подоцна овој фонд бил префрлен од Баварија во Грција и врз основа на купените 85 акции на Националната банка се давале стипендии од специјалната “Комисија за сместување на Македонци од оставнината на Кoстадин Бели”. Од 1850 г. Комисијата стипендирала и повеќе од двајца стипендисти,
па до 1908 г. бројот на стипендистите студенти изнесувал 354 млади Македонци. Веројатно со средствата од таа стипендија студирал во Атина и Григор Прличев, кој во својата “Автобиографија”
наведува дека во 1849 г. во Атина имало едно “богато завештание од еден богат Македонец, жител на Блац, се вика Велјо, кое било наменето исклучиво за стипендии на сиромашните Македончиња”. За овој веќе “покојниот Македонец Барон Костадин Бели” пишува во јануари 1892 г. Редакцијата на списанието “ЛОЗА” дека пред 54 години од Виена упатил патриотски апел до своите сонародници, во кој ги прекорува.

 

МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА – МАНУ, Скопје 2009

 

 

Балетот во Македонија Thursday, Nov 1 2012 

 

Балетскиот ансамбл беше основан 1948 г. Сродно на другите балетски ансамбли бо Европа, основниот дел на балетскиот репертоар и неговото кореографско оформување беа врзани за руската балетска школа. Тие беа приспособени на можностите на младите но талентирани почетници: Н.Пенушлиска, М.Јанева, Е.Џипунова, Ј.Поповска, К.Лашков и др. Веќе во 1960 година македонскиот балет забележа исклучителен напредок. Тој во многу краток период создаде ансамбл способен за изведби на многу сериозен репертоар. Во овој период се изведувани и дела со поинаква содржинска и стилска физиономија: музички втемелени на народниот (вклучително и македонскиот) мелос. Реализирани се и претстави посообразени со тогашните тенденции во балетската уметност низ светот.

 

Следните генерации македонски балетски ги продлабочуваа веќе остварените резултати на основоположниците, стремејќи се кон модерниот балетски израз. Се намалуваа разликите меѓу класичниот и современиот балет, што придонесе модерната игра да се развие во повеќе насоки, а се избегнуваше примената на академизираниот класичен балет. Во почетокот на 19от век, македонските балетски уметници, со својата техника и артизам, постигнуваат големи естетски вредности, а балетската уметност во Македонија го достигнува нивото на развој на другите уметности со подолга традиција. Развојот на балетското школство во Македонија започнува со балетски курс, нижо балетско училиште и средно балетско училиште. Во него како педагози работеа познати кореографи и балетски уметници: Г.Македонски, А.Доброхотов, Н.Кирсанова, Ј.Мјачин. Подоцна, повеќемина од македонските балетски уметници се вклучија како педагози во работата на училиштето, што многу позитивно се одрази на балетската уметност во Република Македонија.

од Македонска Енциклопедија, МАНУ 2009

 

 

 

Италија и Македонија Wednesday, Oct 17 2012 

Италија и Македонија

1876 – 2008

од Македонска Енциклопедија

Македон – херој на Македонија и Македонците Wednesday, Oct 10 2012 

Мал извадок од античкиот автор Diodor Siculus (90-21 bc):

18.1 Озирис не беше сам во походот, така оди Египетската приказна, беше придружен од неговите два сина Анубис и Македон, кои што се разликуваат во своите храбрости. И двајцата ги носеле најзабележителните воени симболи, земени од одредени животни чиј што карактер не е како храброста на луѓето, Анубис носел кучешка кожа, а Македон носел предни делови (шепи?) од волк. Поради оваа причина овие две животни биле почитувани од Еѓипјаните. На походот го зел и Пан…

20.3 ..син му Македон замина како крал на Македонија, која што беше именувана по него…

Закон судниј људем Monday, Oct 8 2012 

Најстар словенски правен писмен споменик

МАНУ 2009

Колонизација на Егејскиот дел на Македонија (1913-1928) Monday, Oct 8 2012 

 

Кукушката унија и унијатството во Македонија Sunday, Oct 7 2012 

Куриер – неофицијален орган на МНЛД Wednesday, Oct 3 2012 

Next Page »