Ѕвездата од Кутлеш Thursday, Dec 6 2012 

Секоја држава има суверено право да управува со своите национални работи без мешање на друга држава. Дали една земја членка на ОН може да спречи друга држава во употреба на името или знамето избрано од нејзина страна. И покрај очигледноста дека се работи за правно прашање, подлабоките причини кои ја создадоа оваа ситуацција, се чисто политички. Како меѓународно призната држава и членка на Обединетите Нации, на Македонија неотуѓиво и припаѓаат одредени суверени права, слободи и заштити. Концептот на независноста имплицира дека една држава, слободна во одлучувањето да донесе устав каков што сака, слободна да стапува во односи со своите граѓани, што преставува слобода да ја креира надворешната политика, да се придржува на било кој блок или да заземе неутрален став, да склучува спогодби со други држави или меѓународни организации заради задоволување на своите интереси, без мешање на други држави. Овластувањата и привилегиите на независноста, мора по аналогија да го содржат правото на една нација да одлучи со кое име треба да биде нарекувана во меѓународната заедница. Не само што една држава има право да  и се почитуваат нејзините внатрешни работи, туку таа има право да биде почитувана како независно меѓународно политичко тело и како членка на големото семејство на државите, во кое сите држави имаат еднакви права. Секоја држава има право да има контрола над важните ознаки на сувереноста, вклучувајќи го и изборот на нејзиното знаме и име.

Како независна држава и членка на ОН на Македонија мора да и биде дозволено да одлучува за своите внатрешни работи и политика. Нејзините позиции мора да бидат поддржани и од другите земји членки на ОН се додека Македонија со нејзиното однесување не ги прекрши основните принципи на Повелбата на ОН.

Како суверена држава, Македонија има право да управува со своите внатрешни работи без мешање од страна на други држави. Изборот на името и знамето се основни национални прерогативи и мора да бидат почитувани од другите држави и меѓународни организации.

Македон – херој на Македонија и Македонците Wednesday, Oct 10 2012 

Мал извадок од античкиот автор Diodor Siculus (90-21 bc):

18.1 Озирис не беше сам во походот, така оди Египетската приказна, беше придружен од неговите два сина Анубис и Македон, кои што се разликуваат во своите храбрости. И двајцата ги носеле најзабележителните воени симболи, земени од одредени животни чиј што карактер не е како храброста на луѓето, Анубис носел кучешка кожа, а Македон носел предни делови (шепи?) од волк. Поради оваа причина овие две животни биле почитувани од Еѓипјаните. На походот го зел и Пан…

20.3 ..син му Македон замина како крал на Македонија, која што беше именувана по него…