Движењето на Богомилите Sunday, Oct 14 2012 

Основен извор претставен во печатена форма за движењето на богомилите во 10ти век е Беседата за Богомилите од Презвитер Козма, напишана со цел да се осудат богомилите и да се оттргнат масите од нив, да не станат еретици. Козма истакнува дека прв учител и распространувач на богомилството бил попот Богомил. Меѓу населението од селата во планината Бабуна е зачувана една легенда за попот Богомил. Според името на планината, подоцна богомилите уште ги викале и бабуни. Легендата укажува дека поп Богомил бил роден во селото Богомила. Тука живеел и умрел, а гробот му се наоѓал до самото село во селото Богомила. Тука живеел и умрел, а гробот му се наоѓал до самото село во цкрвиште изградено во земјата кое на богомилите им служело како молитвен дом. Слично такво скривалиште има и во пештерата до селото Нежилово. Учеле дека постои борба меѓу доброто и злото, и дека на крајот ќе победи доброто. Тие проповедале дека богатите се слуги на ѓаволот, па кој им се потчинува ним – тој всушност му се спротивставува на Бога.  Учеле дека сиот видлив свет со неговите закони и поредоци не бил создаден од бога, туку од ѓаволот. Пропагирале дека секој може да му се моли на бога и без свештениците.

Богомилите се делеле на три категории:

Совршени Богомили

Обични Верници

Слушатели

Раководната улога ја имале првите. Тие се сметале за вистински христијани.

Лит.: Историја на Македонскиот Народ, Култура: Мисла: Наша Книга 1988 372 стр 24см

Поп Богомил Tuesday, May 22 2012 

Непобитен е фактот дека попот Богомил, иако некои од историчарите го бркаат со попот Јеремија, не е некоја митска личност што народот ја создал во својата фантазија, туку реална и историска, која постоела и за време на бугарскиот цар Петар бил прв што почнал да проповеда, како што вели Презвитер Козма – ерес. Од беседата на Презвитер Козма и од Синодикот на царот Борил, убаво може да се види дека основачот на оваа зла ерес, како што ја нарекле официјалните лица, бил попот Богомил. Но кој е попот Богомил, од која културно – етничка средина произлегува, тоа изворните материјали не го прецизираат, освен она што го напишал Теофилакт во Житието на Климент, дека ереста се појавила меѓу неговата паства по неговата смрт. Токму овој, на изглед безначаен податок што ни го дава архиепископот Теофилакт, за нас е од посебна важност, бидејќи тој не само што го прецизира крајот во кој за прв пат се појавило богомилството, туку ни дава можност која не ни ја даваат другите извори – да проникнеме не само во ликот на попот Богомил, туку и да видиме од каде произлегува овој титан на времето, чие учење стана не само подлога на многу еретички учења на запад во Европа, туку стави основа на она револуционерно движење што доведе до востание во 969 година и до ослободувањето на Македонија од бугарското владеење.

Драган Ташковски, Богомилско Движење