Фармасонот Тале Алавантија Saturday, Oct 6 2012 

Марко Цепенков запишал една приказна, за еден овдешен, наш масон, за масонот

Тале Алавантија

“Веруваат луѓе оти имало на земњава фармасони што потпишуале луѓе под нив. Тие му даале троа пари на тој што ќе се потпишел и ќе му го одземеле лицето на една книга, да го обесат на ѕидот. Парите тој што жи имал, ер кај што жи да даел, пак назад ќе му дојделе. Ако сакал некогаш да се одречит чоекот од нивната тебабија, ќе се сетат по лицето што му го имале и катаден се пулеле по сите лица што имале земени потпишани. Ќе го сетат лицето, чунки ќе се припраело некако и веднаш ќе го шибнат со един шиш в срце во книгата и ер кај сака да ет чоекот, ќе си умрел. Велат за фармасоните ѓо не биле луѓе, ами ѓаоли, за да жи лажат луѓето, да жи носат во Вечна.

Тука во Прилеп имало еден фурнаџија и анџија што го викале Тале Алавантија ѓоа тој беше фармасон, чунки в црква ич не одеше.”

Приказнава запишана од Марко Цепенков сведочи најмалку за три работи:

1) Дека масоните не биле непознати во Македонија пред стотина – двеста години

2) За сфаќањето на обичниот човек за тоа кои се и што се масоните

3) За нивниот страв од овие невообичаени, чудни луѓе

 

извадок од Бревијар за древното братство од Јован Бригиски

сите права на изданието ги има “Култура” Скопје

Емануел Карасо, 33? Thursday, Jun 21 2012 

Најпозната е Ложата “Macedonia Risorta” која работи во Солун под закрила на Големиот Ориент на Италија. Оваа Ложа “Macedonia Risorta” или “Воскресната Македонија” ќе одигра голема улога во настани со големо историско значење во почетокот на дваесеттиот век, како што е “Младотурската револуција”.

Емануел Карасо оставил длабока трага во македонската масонска историја. Роден е 1862 година во Солун , починал 1934 во Трст, Евреин од Солун кој бил еден од еминентните правници во тогашно време , но попознат е како голем мајстор на масонска ложа „Macedonia Risorta“ ( Воскресната Македонија ) која е една од првите ложи на овие простори и прва македонска ложа(авторот овде дава заклучок за постоење на ПРВА Македонска Ложа? – заб. на ЛОЗА). Ложата е основана во 1964 од цариградската ложа „Italia“ во системот на Големиот Ориент на Италија и ложата „Etoile de Salonique“. Оваа ложа ќе одигра големо значење во Илиндескиот Период но својот најголем удел го има во Младотурската Револуција. Меѓу најпознатите членови на оваа ложа се Мустафа Kемал Ататурк и Талат Паша , но вистинскиот спиритус мовенс на ложата „Воскресната Македонија“ е големиот мајстор Емануел Карасо.

Карасо студира правни науки , криминологија во Солун. Некаде неговото име се наведува како Карасу, или Емануел Карасо – ефенди, што им дава за право на оние кои тврдат дека припаѓал на множеството солунски евреи кои уште од 17 век ја прифатиле муслиманската вера, но кои и натаму тајно продолжиле да го практикуваат јудеизмот. Во 1908 г. станува пратеник во Меџлисот. Неколкупати му се нудени министерски функции, но ги одбива. Откако по 1923 г. Ататурк доаѓа на чело на државата Карасо паѓа во немилост и емигрира во Трст, каде што во 1934 г. умира. Тој е еден од основачите на Движењето на Младотурците , човек кој воедно бил и службеник на италијанскиот Б’нај Б’рит.

За „Macedonia Risorta“ се вели дека едновремено била и масонска ложа и еврејска синагога , и дервишко теќе , и револуционерен штаб. Во неа своевремено пробежиште нашол и подоцнежниот турски премиер Талат Паша , криејќи се од тајната полиција на султанот Абдул Хадид.

Всушност , иако можеби недоволно експониран во официјалната историја, Емануел Карасо е човекот кој има големо опшествено влијание , зашто ја контролира разузнавачката мрежа на Младотурците на Балканот . За неговата величина сведочи и фактот, дека тој е меѓу тричлената делегација која во 1908 година на султанот Абдул Хамид му соопштува дека е детронизиран и дека е ставен во куќен притвор. Неговото име се врзува и со улогата на главен лиферант со храна во Империјата во текот на Првата светска војна.

Забележана е и една средба на извесниот исламско мистик Сеид Нурси со Карасо. Поради исламскиот принцип на меѓусебно советување што го применувал, Нурси сакал лично да ги запознае водачите на комитетот „Единство и Напредок“ ( младотурци ) , па заминал во Солун. Дознавајќи за неговото присуство во Солун , Карасо ( се вели дека тогаш бил член на Меџлисот ) побарал средба со цел да влијае врз него. Приказната вели дека по средбата Карасо рекол: „Малку недостигаше овој чуден човек преку неговото чудно кажување да ме воведе во исламот“.

Може да се наведат уште многу приказни за и околу Карасо , како на пр. За неговиот ортак, Александар Хелпхенд, познат како Парвус , финансиер на руските револуционери во 1906 и 1917 г.; партнер на Карасо во неговата трговија со жито ; снабдувач со оружје на турската армија во текот на Балканските Војни и организатор на тајниот воз што го врати Ленин во Русија во 1917. Неговото портфолио фрла дополнителна светлина и врз профилот на големиот мајстор Емануел Карасо, но нема којзнае какви податоци за контактите на масоните од кругот на овој голем мајстор со Македонските Револуционери.

– од Бревијар за Древното Братство, Јован Бригиски, КУЛТУРА 

Масонски календар Tuesday, May 8 2012 

Еден од начините на кои масоните го сметаат времето е според т.н. Anno Lucis (Година на Светлината) која почнува 4000 години пред Христа, така што со одземањето на 4000 од 5872 се добива 1872 година! Причините за ваквото сметање на времето некои го поврзуваат со библискиот потоп, неко нудат докази дека 4000г. пред Христа имало некој планетарен карамбол со Венера, односно космичка катастрофа предизвикана од комета. Како и да е, најмногу од таквите тврдења резултираат со претпоставката дека масоните веруваат во циклични промени во природата и во општеството што се случуваат секои 4000 години.

Постојат и други масонски начини за сметање на времето, зависно од ритуалот: Anno Inventions (Година на Откривањето), односно за почетна година се зима изградбата на Вториот Соломонов Храм (530+АД – Anno Domini);  Anno Depositions (Година на Поставувањето) кога за почетна година се зема завршувањето на Соломоновиот Храм 1000+АД; Anno Ordinis (Година на основањето на редот на темпларите) АД-1118; Anno Mundi (Година на Светот) што соодве тсвува на еврејскиот начин  на сметање на времето – 3760+АД.

Сметањето на в ремето според Годината на Светлината  го практикува т.н. сина  масонерија, која има три степени на посветување: чирак, калфа и мајстор.

– од Бревијар за Древното Братство, Јован Бригиски, КУЛТУРА 

Окото што гледа Сè! Tuesday, May 8 2012 

Во древните мистерии овој симбол упатува на погледот кој ги укинува времето и просторот. Тоа е симболот на голема видовитост. Мајсторот секогаш ја поседува оваа способност. Во Индија Севидливото Око било нарекувано Окото на Шива. Еѓипјаните го претставувале Озирис преку симболот на отворено око и таквиот хиероглиф го ставале во сите храмови. Во ложата Севидливото Око го претставува Божјото сèзнаење – Окото кое никогаш не спие! Како и во древните мистерии, може уште да претставува и изострен вид.

 

– од Бревијар за Древното Братство, Јован Бригиски, КУЛТУРА

4 мај 2012 Friday, May 4 2012 

21 година по осамостојувањето на Македонија, граѓаните сеуште го чуваат споменот за Маршалот – денес, и по 32 години по неговата смрт, многумина очајно жалат за “пастирот” на бившата држава. За волја на вистината, од истата страна дува и ветерот кој што има некаков проблем со терминот  “Гоцева Раса”. Да не беше убиен Делчев , нештата ќе беа поинакви по 33от му роденден. Наредната година се навршуваат сто години од Букурешт, но и 33 години од смртта на (за оние кои што се сеуште заглавени во илузорната идила на бившата држава) пастирот со белите ракавици. Лесна  му  земја на браварот. А, 33 е среќна бројка за Македонија! Факт.

Во САД, зградата на Пентагон е во форма на петтоаголник (што е повеќе од јасно само кога ќе се прочита името). Дури и аглите  на ова огромно здание се по 33 степени. Ко случајно, некои сметаат дека и зградата на Собранието на РМ крие своевидна симболика. Зградата е подигната да служи како седиште на банската управа, што значи инкарнација на власта од Белград.  Гледана одгоре, зградата е во форма на петтоаголник, што за слободните ѕидари има симболично значење.  Таа форма се нарекува “огнената ѕвезда” и го симболизира преминувањето на калфите во мајсторски степен. Ова го пишува во книгата Масони  – Бревијар за Древното Братство од Јован Бригиски, издадена од КУЛТУРА

“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание.

Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”

цитат од писмо на Гоце Делчев до Ефрем Каранов од 17 октомври 1895 година 

Последната посета на гробот на дедо Гоце Делчев во црквата Свети Спас ни отвори ново поле за истражување. Околу самиот гроб го има истиот тој петтоаголник! Питагора оставил абер за симболиката на петте елементи. Денес, многумина го навредуваат чистото човечко чувство на извикот ГОЦЕВА РАСА! Мистеријата околу големината на ликот и делото на Делчев е толку голема, што сакале ние или не – годиниве  ни влијае на нивоа за кои што сепак сеуште немаме доволно развиена свест.

ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА

И ПОЗДРАВИ ЈА ГОЦЕВАТА РАСА

КРЕНЕТЕ РАЦЕ ВИСОКО ГОРЕ

НАШЕ ЌЕ БИДЕ И СОЛУНСКО ПОЛЕ

МАКЕДОНИЈА 2012та

ИЗРТИ ПЛОД ОД ВЕЧНО СЕМЕ

КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ДРЕВНОТО ПЛЕМЕ?!

Вечен е Делчев, темно ни е минатото, древна е Македонија, светла ни е ИДНИНАТА