.
Ништожник е оној, кој што има подобар пријател од татковината
– Софокле
“Љубовта кон татковината е навистина свето чувство, неизбежно е за секој благороден човек, и необходно за оние во кои што останала трага од чест и посакуваат да живеат вечно во устите на потомците, а не да умрат наеднаш откако како животинки за неколку минути ќе го подишат тој атмосферски воздух, и оттргнати од списокот на живите, да останат за секогаш излишно бреме на земјата.
Но колку таа вистина е светла и од сите воопшто се исповедува, толку помалку влијае врз чувството на сите нас. Ние, богатите, благодарни да се тркаламе во изобилијата на печалбите, мислејќи повеќе за личното и материјално богатство, се стремиме само да ги умножуваме нашите желби, тркалајќи се во вечна заблуда и суета, каде што бескрајната фантазија откако еднаш нè одвлекла од умереноста љуби да нè заблудува во бескорисни и фантастични задоволства, кои што всушност никогаш во животот не ги наоѓаме, и си остануваме без да вкусиме од она природно и постојано насладување – дека сме ги облагородиле ближните и татковината си. А во последните минути, стресени од совеста, умираме мошне нажалени и татковината ни, милата ни мајка родилка не облекува траур за нашата смрт, ниту пак молитвите на останатите браќа нè придружуваат: татковината нè отфрла како чеда недостојни за нејзината љубов, како странци со зборовите: тргни се од мене, изроде! И потомството ни ја осудува бесчувствителноста и рамнодушноста со обичните зборови: “И жив беше бесполезен, и умрен си достоен за осудување!”
Скрбен слух! Жалосен глас! Татковината да се откажувала од своите чеда, браќата од молитвите а роднините и целиот словесен свет од пофалата!…….”
[…] Подоцна овој фонд бил префрлен од Баварија во Грција и врз основа на купените 85 акции на Националната банка се давале стипендии од специјалната “Комисија за сместување на Македонци од оставнината на Кoстадин Бели”. Од 1850 г. Комисијата стипендирала и повеќе од двајца стипендисти, па до 1908 г. бројот на стипендистите студенти изнесувал 354 млади Македонци. Веројатно со средствата од таа стипендија студирал во Атина и Григор Прличев, кој во својата “Автобиографија” наведува дека во 1849 г. во Атина имало едно “богато завештание од еден богат Македонец, жител на Блац, се вика Велјо, кое било наменето исклучиво за стипендии на сиромашните Македончиња”. За овој веќе “покојниот Македонец Барон Костадин Бели” пишува во јануари 1892 г. Редакцијата на списанието “ЛОЗА” дека пред 54 години од Виена упатил патриотски апел до своите сонародници, во кој ги прекорува. […]
[…] Скрбен слух! Жалосен глас! Татковината да се откажувала од своите чеда, браќата од молитвите а роднините и целиот словесен свет од пофалата! […]