Блесок Tuesday, Nov 20 2012 

БЛЕСОК

Како е горе и долу е така
симболот се вљубил во мудрост што молчи
најголема е радоста по најтешка мака
ко слеп што провиделил со внатрешни очи

Низ чисти елементи светлината врви
последните на запад на исток се први

О, вселенски бакнеж што пленува
кога гром во гром удира
Cè само се менува
никогаш ништо не умира

– oд Сашо Гигов – Гиш

 

Алхемиското битие во Кругот Thursday, Nov 15 2012 

Наспроти средиштето на кругот сите зраци коегзистираат во едно единствено единство, и само една точка во себе ги содржи сите рамни линии, кои се единствено изедначени едни кон други, а сите заедно кон единствениот почеток од кој сите потекнуваат. Нивното единство е совршено во самото средиште; ако се оддалечат малу од него, малку и се разликуваат; ако се одделат од него повеќе, се разликуваат повеќе. Накусо, колку се поблиску до средиштето толку и нивното заемно соединување е потесно; колку се пооддалечени од него, разликата меѓу нив е поголема…