Ензура Wednesday, Dec 12 2012 

Јордан Даниловски – Пошепотена

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Говор Friday, Nov 30 2012 

Зборот не е само месо

туку и оглодан кокал

пукнатина во куќа што вреска

петел на буниште што кукурига

самото ѓубре што гние

и отпадоците што ќе нè надживеат

по излетот како по војна

 

Слечи си ја кожата

за да се слееш со околината

со тајното име, неречениот збор

 

Зборовите – амеби го напаѓаат натрапникот

го вовлекуваат во себе и варат

ја пукаат лушпата и јајцето го пијат

ја колваат јатката од семката

а штом сварени предметот мртов

може да остане оживеан говор

Ги прибираш туѓите зборови најдени патем

ги пушташ да си играат со домашната челадија

и да се измешаат до толку

што да не знаеш кое е чие

нивниот џагор ти ги исполнува дупките

во ѕидовите од разрешетаната куќа

Така од туѓиот јазик земак причесна

и фаќаш зараза што создава антитела

за да не ти проголта ближниот сосед

сосе тајното значење со корен во пламенот

да не те погоди по алчното око

да не ти го испие виделото

 

Како да се преведе мастилото во крв

илјадагодишното семе во леб насушен?

Ќе се сретнат така двајца јунаци

на мегдан сред ничија земја

ќе се натфрлаат со лаги и пцости

ќе се испоганат со грди клевети

и накрај здрвени, со испреплетени јазици

ќе имаат уште толку здив

да си го искркорат вистинското име

ако се бар толку живи да чујат

Во најдобар случај двата непријателски табори

ќе си ги разменат плениците

крвно ќе се збратимат до следната крвна одмазда

и ќе си трампат леб за сол, ум за вересија

 

Сè што ќе се напише (или случи)

не мора и не смее

да биде точно така

токму затоа што вистината зјапа

ненадополниво

не ти дава никакво право

да ја допишуваш како што сакаш –

небаре трчаш по автобус

чиј возач и онака не те гледа

Задача е

зборовите да се натераат да трчаат

како елени во згон

па кај, и кој, ќе пукне

Едноставно

ѕверовите мора да трчаат побргу

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

______

Опсада, Македонска Книга 1981

Ангел Tuesday, Nov 27 2012 

Изгреваат и ѕвездите на умрените
Толку светлина од сите страни
кога од видливост очи болат
а нема ни сенка за одмор и сон Жени
мајки деца старци момчиња и девојки
со катанци и клучеви заденати за појас
се искачуваат на планина горе
по небо чекорат и го довикуваат Ангелот свој
а тој се одѕива одврзува очи:
Изгрева ѕвездата на народот
а мене ми доаѓа од радост да треснам со дланка
по камења по колена да ми се отвори
нежно срце, планините да затреперат
од убавина Од наша Лоза бил Ангелот
на илјада години семе и пламен,
во мал храм тој остава нишан.
Од војни ли доаѓаш,
во слобода ли бараш лек
или ти веќе немаш родители,
Ангелу брате, појди со мене, изостри вид,
ако те измачува бол, помести планина
и пак биди
на невидлива сила видлив плод

 

од Стражи

превземено од Блесок бр. 05

Лов на лав Monday, Nov 19 2012 

 

 

Кога се фаќаш во заграб со лав

не грижи се за драскањата од предните шепи –

скрши му го отпорот од задните нозе

и мавни со секирата по ‘рбетот

 

После неговиот череп

ќе ѕуни шупливо

ко тиква

 

 

 

 

 

 

 

 

Така некогаш ловецот – шаман

а сега ти со песнава

– збирка Опсада

мозаик од Пела

ММКД 2012

 

Вечната бесконечната Saturday, Nov 17 2012 

КОН РИСТО ШИШКОВ

Пак убиваат

Тие…

Исти

Џган

Епизодисти.

 

ЈАЗИКОТ ТИ ГО ЗНАМ

Змијата? Не.

Јазикот ти го знам.

Иако си сам

Во Буква

Со-ѕи-дан

Јас ти го узнавам

Во душа

Скриеното.

 

НЕКОЈ ЅВОНИ

Некој ѕвони.

Тоа пак они

Да го грабнат тоа

Што го сонив.

 

БЕССОНИЦА

Затвори ги очите:

Скрбно.

Мачно.

 

Отвори ги очите:

Мрачно.

 

ТАТКОВИНАТА

Бијат камбаните

Моето срце

Чука.

 

Ќе има ли некој

Да нè дочуе?

(1989)

 

ЛУЃЕТО

Минеа низ мене

Минав низ здив

И на сетен здив

Сознавам:

Боже мој

Колку ли не сум ги

Познавал?

 

 

 

 

 

 

избор стихови од

Вечната бесконечната

издадена од Зумпрес 1996

Клуч грч Saturday, Nov 17 2012 

Го заклучив небото, да не ми се

меша во љубовта.

Само твоето тело и земјата

со мене во љубов отклучени.

Го заклучив и сонот,

да не ми се мешаат привиденија.

Ти поубава од небото, слична на ѕвезда,

го отклучив небото, ги заклучив

подземјата, ти си поубав плод

од земјата. Го пуштив времето

меѓу нас да тече,

сè да допре,

во бран да се собира и шири

во љубовта и смртта грч

што дава и зема клуч.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

_______________

Ѕвездознаец

Прамолња Saturday, Nov 17 2012 

Не барај од мене да бидам

ни твој слуга ни твој господар:

јас сум Молња и во мене

нема простор за тага Остави ме

да се јавувам и исчезнувам

и пак да се јавувам

меѓу луѓето и планетите

да лутам Не барај од мене

ни чаша вода, а оган самата

ќе ти дадам и штом ќе те родам

не моли од мене прочка –

заедно со тебе сè ќе пребродам.

 

Оди во сон, плови во океан. Во зборови

копкај и најди си спокој

за својата душа, ал’ мене

остави ме да бидам слободна,

она што сум: Молња на светот.

 

 

Вознесен Saturday, Nov 17 2012 

Да се биде

Само ден

Занесен,

Само миг

Вознесен

Та нека е

И

 

По

 

сле

 

ден.

 

 

 

 

 

 

 

_______________

Вечната Бесконечната

Зумпрес, библ Златоуст

1996

Мојата ѕвезда Saturday, Nov 17 2012 

Низ времето јас носам

и плодност и грижи

и радост и слава.

 

И плодот и крстот на својата земја

јас го носам –

Тука се моите страдања:

 

И под камен и на небо

и во постела бела

иста вршидба на зрно крваво.

 

А за мене на олтар

пеат Вечност.

Јас сум свадба.

И сè што е пород

мој знак носи.

 

И колку повеќе се стемнува

мојата ѕвезда

сè повеќе е јасна.

 

_________________

Ѕвездознаец, МИСЛА 1989

Алхемиското битие во Кругот Thursday, Nov 15 2012 

Наспроти средиштето на кругот сите зраци коегзистираат во едно единствено единство, и само една точка во себе ги содржи сите рамни линии, кои се единствено изедначени едни кон други, а сите заедно кон единствениот почеток од кој сите потекнуваат. Нивното единство е совршено во самото средиште; ако се оддалечат малу од него, малку и се разликуваат; ако се одделат од него повеќе, се разликуваат повеќе. Накусо, колку се поблиску до средиштето толку и нивното заемно соединување е потесно; колку се пооддалечени од него, разликата меѓу нив е поголема…

 

 

Next Page »