Ензура Wednesday, Dec 12 2012 

Јордан Даниловски – Пошепотена

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Скопје – периферија Tuesday, Dec 4 2012 

Проектот „Скопје 2014“ стана лајтмотив на преџваканата класна борба на оние кои владееја во име на стадата пролетери

Поминувајќи ја реката Стикс

Класични студии

Скопје има мал центар и огромна периферија. Цели 40 км е долг овој конгломерат на индустрија и станбени блокови, работен според најфункционалните и најнеестетските стандарди на социјалистичкиот кастриран модернизам („ни риба ни девојка“), во чии зданија требаше да бидат сместени стотиците илјади префабрикувани пролетери (та, нели, тоа беше систем во кој диктираа ко божем пролетерите) од довчерашните селани, кои грабеа кон градот како стадо биволи во трк, носејќи ги во своите мобилни амбари кокошките и по некоја овца или коза, со која поставиле сентиментално-лукративни релации.

И целата таа менажерија се вселува во новопроектираното, од страна на светски славениот Кензо Танге, Скопје, со сиот свој багаж, со своите легенди и стравови, со својата глад и бесловесност. Тоа е помалку надреална слика, сите тие бројгеловски физиономии, ставени во модернистичките рамки на едно трауматизирано до обезглавеност Скопје, мал колонијален град со голема ситнобуржуаска клиентела за сите потреби, до коски застрашена од новата пролетерско-селска власт.

Кулите, така амбициозно акцентирани и мултиплицирани од светски признатиот Кензо Танге, почнаа да се лупат од зорт. Поточно, нивните фасади почнаа да отпаѓаат, претпоставувам, поради таа дисонантна релација на селска топлина и редукционистички ладниот дизајн на јапонската мејнстрим модерна архитектура од 1960-тите, пред се’ наменета за тивки и прагматични жители, со најмалку неколкувековна урбана култура. Тука наместо бонсаи дрвца, по балконите се појавија мали нивички со праз и пченка. Секоја култура има свои автентичности. Кога сме кај вегетацијата, таа од Бога дадена естетика на природата, во најголема мера е заслужна за суптилното покривање и врамување на неинвентивната и здодевна функционалистичка архитектура, со која е прекриен најголемиот дел од овој град, кој повеќе личи на периферија.

Затоа, честопати странците што заглавувале во градот никогаш не го нашле центарот, туку се соочувале со една огромна и непрегледна периферија. Централната железничка станица како да ве внесуваше во некаква селско-индустриска зона преполна со кал, а нејасно димензионираните, во однос на новиот светски поредок суштества, со гладни за „случка“ очи, ви го убиваа денот. Уште пострашно беше при старата автобуска станица (на чие место денес е изграден Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите), која повеќе личеше на сточен пазар во Кандахар, отколку на постојка што треба да опслужи логистички потреби на стотици илјади резиденти на овој град – периферија. Влегувате во зоната на градот и по некое време излегувате, а во меѓувреме скоро ништо не се променило, во смисла на згуснување и акцентација.

И така се’ до иницирањето на проектот „Скопје 2014“, кој требаше да го промени овој статус на периферија и да му даде одреден цивилизациски гламур на градот и овој пат навистина да се создаде не само географски, туку и естетски контекстуален и историски центар на градот и државата.

Но, нештата не завршија на ова. Суетните души, хипнотизирани од маалската инерција, одеднаш испорипаа како попарени. Некој таму, нешто сака да прави, а? Како тоа може?! Како без нас?! И тука почна малата гнасна вербална војна што тие ја почнаа против сите оние кои интимно или јавно ја поздравија оваа усилба на курентната влада. Та тие, (бившите долгогодишни владетели) биле навредени од потегот на новите управители, кои се дрзнале без консултации (јавна дебата) да влезат во овој неприкладен и недоветен проект, кој го возвишува монархизмот, империјализмот, кичот, анахроноста, забеганоста, наместо тивката и морбидна амбиенталност на периферијата.

Така, проектот „Скопје 2014“ стана лајтмотив на преџваканата класна борба на оние кои владееја во име на стадата пролетери. Веројатно амбиентот на периферијата помагал во менталната манипулација што владејачките елити ја практикувале во монопартиските системи, како што беше и нашиот до пред само дваесетина години.

Логиката е – вечно депресивните пролетери да ја гледаат грдотијата во која живеат насекаде. Секој луксуз или гламурозност за пролетерот е предизвик за класна борба и револуција. Та тоа веќе го видовме и доволно е. Сега сите ќе бидеме мизерни, така незадоволството на пролетерите ќе биде неутрализирано од општото незадоволство. Само треба добро да се одглуми. А што се однесува до гламурот, еве ви ги Рим, Париз, Лондон, каде што ќе уживаме како кралеви, надвор од дофатот на бесниот и секогаш незадоволен пролетерски поглед на светот. Незадоволен, се’ додека не дојде комунизмот, кој за среќа нема веќе никогаш да дојде.

Утрински Весник

26.11.2012

Д.Н.О. – Огледало Monday, Dec 3 2012 

режија Ацо Станкоски

камера Кире Галевски

еdit Зоран Чаневски

 

 

Д.Н.О. – Огледало Friday, Nov 23 2012 

македонска музика

видео: Александар Станкоски

 

Д.Н.О. – Борба Tuesday, Nov 20 2012 

– Токму кога конечно поверувавме дека пуританските тоталитаристички стеги попуштија и дека пазачите на моралот отупеа после гледање на нашиот парламент и илјадниците поп спотови во кои јавно и бесрамно се манифестираа блудничење, инцест, педофилија и недомаќинлук, ете ти беља. Дали ова ситуација треба да се нарече апсурдна поради одлуката на раководителите на истите оние телевизии кои имаат разголени водителки, селски фолк емисии, настрани и насилни вести… да го забрани и овој досега невиден спот за наши услови. Тоа треба да го одлучи јавноста.”, се вели во соопштението од “Литиум рекордс”, а продуцентот одби дополнителен коментар. 

извор: Вест

видео: Александар Станкоски

 

 

Експлозија Wednesday, Nov 14 2012 

Александар Станкоски – Експлозија

2001ва година

Љубов покрај Замбези Monday, Nov 12 2012 

Александар Станкоски – Љубов покрај Замбези (1987)

 

"Aматеризам потекнува од амато, а тоа значи љубов" Wednesday, Nov 7 2012 

Слободен во смисла на слободен човек кој мисли и кој не е лимитиран од било каков тип на авторитет на аура. Затоа опстојувам во андерграундот, тука сум веќе забележан и едноставно сум девијантен поради што и ме заобиколуваат сите институции. Во ликовната сфера не сум заобиколен, во последните години има извесно внимание. Но, што се однесува до другите аспекти, до стрипот, литературата, филмот, видеото, на сето тоа се гледа како на манифестација на волунтаризам, на една маргинална струја која постои и која животари хранејќи се од трошките на големите. Но јас не мислам така, андерграундот е знак дека постои урбана култура. А таа култура е отворена и космопoлитска, бидејќи андреграундот е космополитски феномен, тоа е ресурсот од кој излегуваат културните производи кои подоцна ќе бидат акцентирани како авангардни.

 

Аматерот секогаш ќе го засрами професионалецот со тоа што ќе покаже волја, мотивираност и желба, додека професионализмот често знае да биде рутиниран. Но, сето тоа не се гледа бидејќи нашите механизми за презентација не се доволно изградени. Тој е скриен, не се рекламира бидејќи нема средства и секогаш делува по алтернативни простори.

Тука станува збор за општествените поларитети…

Ликот на Че Гевара се умножува на маици и плакати платени преку разни марионети на Новиот светски поредок и нивните глобални и локални тинк – тенкови.

Сите овие симулакруми на интерпретацијата на реалноста од страна на глобалистичките
структури, се всушност само виртуелен одраз на длабината и консеквентноста на историско – креативниот зафат што националната држава го презема како одбранбен механизам против денационализацијата и кока-колизацијата на народите на планетава…

 

ЛОЗА  2012

 

Kултурен континуитет од десет илјади години Wednesday, Nov 7 2012 

Како да не треба да постои таа уметност, како да се работи за некоја болест која треба да се искорени. Но, факт е дека оваа култура не е изгубена, секогаш има светли примери, колку и да се малку секогаш има херои. Има нови генерации на кои не им недостига ентузијазам. Андерграундот не бара, не плаче по медиуми за шака долари, загризува силно и дава свој прилог во целокупната македонска историја на уметност, што нè прави можеби не горди, но помирени со нашето постоење.

Според ликовниот уметник, андерграундот е најзрелото и најздраво ткиво во македонската култура

Александар Станковски:

Македонија има културен континуитет од десет илјади години.

 

Сунчица Уневска

интервју со Станковски

Утрински весник

30ти декември

2007
Александар Станковски неодамна го промовираше својот нов филм, долгометражниот документарец Magical Mistery Cure кој е посветен на македонскиот рокенрол бенд ДНО. Ова е трет филм кој вечниот алтернативец, Ацо Станковски, го прави без пари. Но, како што вели самиот „донкихотштината останува“ иако тој и сите кои се дел од андерграунд културата во Македонија се подолго време протерани од одредени области. Со Станковски, кој покрај својата вокација сликарството се занимава и со видеото, филмот, стрипот, перформансите односно, со еден збор, со тоталната уметност, разговорот го започнавме токму околу столбовите и вистинските вредности кои го одредуваат идентитетот на една култура. А меѓу нив, секако, е и негувањето на брендираните имиња на уметниците.

Се чувствувате ли како бренд?

– Не, тоа би било крај за мене како слободен уметник. Слободен во смисла на слободен човек кој мисли и кој не е лимитиран од било каков тип на авторитет на аура. Затоа опстојувам во андерграундот, тука сум веќе забележан и едноставно сум девијантен поради што и ме заобиколуваат сите институции. Во ликовната сфера не сум заобиколен, во последните години има извесно внимание. Но, што се однесува до другите аспекти, до стрипот, литературата, филмот, видеото, на сето тоа се гледа како на манифестација на волунтаризам, на една маргинална струја која постои и која животари хранејќи се од трошките на големите. Но јас не мислам така, андерграундот е знак дека постои урбана култура. А таа култура е отворена и космоплитска, бидејќи андреграундот е космополитски феномен, тоа е ресурсот од кој излегуваат културните производи кои подоцна ќе бидат акцентирани како авангардни.

Жестока критика за политичарите

Деновиве излезе Вашиот нов филм за творештвото на андерграунд-бендот ДНО, кој повторно го работевте без буџет. Како стојат работите денеска во поглед на андерграунд- културата?

– Андерграундот опстојува, тоа е најзрелото и најздравото ткиво во македонската култура, и тоа од повеќе причини. А најважната, секако, е дека во него сите делуваат ентузијастички. Некој ќе рече дека тоа е аматеризам, но зборот аматеризам потекнува од амато, а тоа значи љубов. Аматерот секогаш ќе го засрами професионалецот со тоа што ќе покаже волја, мотивираност и желба, додека професионализмот често знае да биде рутиниран. Но, сето тоа не се гледа бидејќи нашите механизми за презентација не се доволно изградени. Тој е скриен, не се рекламира бидејќи нема средства и секогаш делува по алтернативни простори.

Што е со механизмите за презентација, колку постоечките институции можат тоа да го компензираат? И колку воопшто имаме свест за една таква презентација, кога станува збор за андерграунд уметноста, но и воопшто за класичните вредности?

– Нашите институционални елити заслужуваат жестока критика. Прво, политичката елита која не е доволно образована. Тие луѓе немаат никаква сила да се спротивстават со своите идеи на оние кои заговараат жесток прагматизам, кои заговараат некаква економија по цена на некултура.

Втор момент кој е евидентен е недостатокот на културни институции кај нас, кои би можеле да ги заштитат, зачуваат и претстават не само андерграунд, туку и класичните вредности. Ние немаме национален музеј. Како е можно една култура, која има име и знаме, да нема национален музеј? А имаме страшно богатство уште од неолитот, од праисторијата, преку стариот, преку средниот век. Можеби немаме нов век бидејќи немаме ренесанса, барок, класицизам, романтизам, реализам и едвај имаме некаков импресионизам. Но, имаме модерна во која се вклучуваме релативно рано и имаме една оригинална и голема постмодерна со многу значајни уметници, во која, што е многу важно, сме се вклучиле синхрониски, тогаш кога почнала постмодерната во светот почнува и кај нас. Тоа се векови, тоа е огромно богатство на артефакти и вредни експонати кои никој не може да ги види, затоа ние делуваме празно како култура.

Собранието да стане национален музеј

Вие имавте еден концептуален проект за тоа како Собранието да стане национален музеј.

– Да, точно, сметам дека Собранието треба да стане национален музеј, да го наполниме со уметност, да го реставрираме и да го направиме такво какво што треба да биде. Првенствено од чисто практични причини, нема да го блокира градот со тие бројни делегации и демонстрации. Мојата идеја беше да го дислоцираме Собранието на некоја голема ледина каде што би се направило и плато за демонстрирање. Дури и да нема потреба од национален музеј мислам дека е потребно да се дислоцира Собранието.

Но, бидејќи немаме музеј, а тоа е единствена зачувана класична зграда со доволно голем габарит, тоа би било совршено место на кое би можеле да се пласираме. Од една страна, објектот е во центар и би имало многу посета, а од друга страна, тука би можеле да го изложиме целото национално богатство. Тогаш светот ќе може да види дека имаме културен континуитет од пред 10.000 години и тоа конечно ќе ги замолкне сите злобници околу нашиот идентитет. Бидејќи, идентитетот се гради со претставување, а не со кукање, со попустливост и откажување од националните интереси во име на филозофијата да не се бранува или поради сервилност кон западниот фактор.

Доста работи се криво поставени во нашата култура, но ќе се исправат, потребна е само критична маса.

Немаме столбови во културата

И покрај целото богатство на артефакти и експонати се чини како да ги немаме вистинските столбови на кои ќе се потпреме?

– Затоа и зборувам за националниот музеј, недостига капитален културен објект кој е многу битен за нашиот идентитет и за отстранување на политичките импликации. Покрај музејот, ние немаме ни Филхармонија, ниту театар, немаме ни други културни институции кои се поминорни, но капиталните три кои се столбови на една култура ние ги немаме. Треба да се сконцентрираме на создавање на тие столбови кои ќе ја гарантираат нашата вредност. Културата е главата, а вие ја укинувате главата и земјата функционира на ниво на тело во меѓународните констелации. Политичарите не го гледаат сето тоа, тие безглаво ги следат востановените парадигми, некакви стандарди.

Но, колку ние самите сме свесни за тоа, колку го знаеме нашето место? Во ова време на извртени вредности се потешко допира општествената критика, а уште потешко е создавањето на критична маса за која говорите?

– Мислам дека народот го знае своето место, политичките елити не го знаат. На пример, сите продукти од луѓето кои се инволвирани во андерграундот се доста критички настроени. Има една сериозна општествена критика која е доведена до гротеска, која удира по тие квази вредности. Не можеме со сила да ги искорениме тие вредности, но кога ќе дојде до една позитивна критична маса веројатно ќе се акцентираат вредности кои се поверодостојни, поавтентични и со самото тоа дел од таа квази култура, која е прилично лукративно акцентирана од страна на елитите, ќе биде отстранета.

Тогаш повторно ќе се занимаваме со една културна археологија обидувајќи се да извлечеме нешто од она што било затрпано, да отстраниме нешто што било промовирано на највисоки нивоа а всушност по пет или десет години ќе изгледа вулгарно и глупаво, какви што има многу примери во изминативе 50 години во кои постоиме како некоја култура. До тоа ќе дојде еволуциски, нема шанси за револуција бидејќи сме разочарани од револуциите. Мора да одиме на еволуциски дискурс исполнет со критичност и градење добри вредности, но и негирање на вредностите кои ни се натурени.

Интересно е дека имате голем ентузијазам, а на сите Ваши филмови работевте без пари, стрипот во кој сте многу активни одамна не добива поддршка. Во земјава нема голема поддршка за културата, нема стратегија, а особено нема слух за алтернативниот израз, па како да воспоставиме парадигми?

– Филмот за ДНО го направивме небуџетен што е легитимно за развиени култури, но кај нас се ретки примерите на правење долгометражен филм без буџет. Тоа ми е судбина, и филмовите „Маклабас“ и „Самит на шаманите“ беа работени без буџет, но некој тоа мора да го прави. Да ги нема тие неколку продукти оваа култура би била пинокио култура, која нема виталност. Јас имам четири стрипа од по 700 страници кои никако не можам да ги издадам. Оваа година конкурирав преку „Магор“ и ме одбија. Замислете, одбиваат стрип-албум кој во нашата земја 20 години не е издаден. Како да не треба да постои таа уметност, како да се работи за некоја болест која треба да се искорени. Но, факт е дека оваа култура не е изгубена, секогаш има светли примери, колку и да се малку секогаш има херои. Има нови генерации на кои не им недостига ентузијазам. Андерграундот не бара, не плаче по медиуми за шака долари, загризува силно и дава свој прилог во целокупната македонска историја на уметност, што нè прави можеби не горди, но помирени со нашето постоење.

Неидентификувано – Итар Пежо Thursday, Nov 1 2012 

Александар Станкоски – Неидентификувано

издадено 2004

 

Next Page »