Ензура Wednesday, Dec 12 2012 

Јордан Даниловски – Пошепотена

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

"Aматеризам потекнува од амато, а тоа значи љубов" Wednesday, Nov 7 2012 

Слободен во смисла на слободен човек кој мисли и кој не е лимитиран од било каков тип на авторитет на аура. Затоа опстојувам во андерграундот, тука сум веќе забележан и едноставно сум девијантен поради што и ме заобиколуваат сите институции. Во ликовната сфера не сум заобиколен, во последните години има извесно внимание. Но, што се однесува до другите аспекти, до стрипот, литературата, филмот, видеото, на сето тоа се гледа како на манифестација на волунтаризам, на една маргинална струја која постои и која животари хранејќи се од трошките на големите. Но јас не мислам така, андерграундот е знак дека постои урбана култура. А таа култура е отворена и космопoлитска, бидејќи андреграундот е космополитски феномен, тоа е ресурсот од кој излегуваат културните производи кои подоцна ќе бидат акцентирани како авангардни.

 

Аматерот секогаш ќе го засрами професионалецот со тоа што ќе покаже волја, мотивираност и желба, додека професионализмот често знае да биде рутиниран. Но, сето тоа не се гледа бидејќи нашите механизми за презентација не се доволно изградени. Тој е скриен, не се рекламира бидејќи нема средства и секогаш делува по алтернативни простори.

Тука станува збор за општествените поларитети…

Ликот на Че Гевара се умножува на маици и плакати платени преку разни марионети на Новиот светски поредок и нивните глобални и локални тинк – тенкови.

Сите овие симулакруми на интерпретацијата на реалноста од страна на глобалистичките
структури, се всушност само виртуелен одраз на длабината и консеквентноста на историско – креативниот зафат што националната држава го презема како одбранбен механизам против денационализацијата и кока-колизацијата на народите на планетава…

 

ЛОЗА  2012

 

Илуминација и симулација Tuesday, Oct 30 2012 

Тука станува збор за општествените поларитети…

 

Ликот на Че Гевара се умножува на маици и плакати платени преку разни марионети на Новиот светски поредок и нивните глобални и локални тинк – тенкови.

Сите овие симулакруми на интерпретацијата на реалноста од страна на глобалистичките
структури, се всушност само виртуелен одраз на длабината и консеквентноста на историско – креативниот зафат што националната држава го презема како одбранбен механизам против денационализацијата и кока-колизацијата на народите на планетава…

 

 

 

Патот што оди нагоре и патот што оди удолу, е еден ист пат.

 

Естетика и политика Monday, Oct 22 2012 

 

Денес во нашето општество (а и воопшто) се води расправа помеѓу естетските преференци на левицата и десницата. Во Европа тоа е веќе век ипол стара расправа, но во маргиналните, колонијални простори…

 

од
Епифанија и Епигонија

Експертиза-д 2011

Неоиндивидуализам Saturday, Oct 13 2012 

 

Александар Станкоски – Епифанија и Епигонија 2012

читај

Изобилство и аскетизам Saturday, Oct 6 2012 

 

oд Епифанија и Епигонија 2012

Епифанија и Епигонија Saturday, Sep 8 2012 

Од распадот на класичната естетика, некаде во периодот на радикалниот модернизам, кој својот најпродуктивен период го имаше по Втората светска војна, а своите почетоци пред првата, сликањето актови претставуваше или алиби за еден   псевдоконзервативен дијалог со Историјата на уметноста (на запад), или како традиционална едукативна догма погодна за идеолошка пропаганда (во комунистичкиот свет).

Епифаниската еуфорија од скриената голотија чија заводливост   и   неповторливост   иницираните   воајери   (уметници)   му   ја препишуваа   на   големиот   Творец,   и   сходно   на   тоа   со   мистичка предаденост   го   усовршуваа   епигонискиот   пристап,   темелно   и трпеливо, со генерации, дофаќајќи ги врвовите на миметичкото.

И се така до пронаоѓањето на фотографијата, а подоцна и филмот, кога дефинитивно оваа ласцивна фиксација е прогонета од историски верификуваната ликовна уметност. Но не е прогонето во зоните на „техничките“ уметности (каде миметичкиот процес   е  целосно    технологизиран) само либидозното устројство во фазата на модернистичката сексуална либерализација, туку и севкупниот наративен имагинариум или целата алегоричност на времето.

Овa најмногу се однесува на сликарската уметност. Бегањето од дидактичноста и мимезисот има и свои утопистички конотации, разбрани како идеалистичко-теориски систем. Но во зоните   на   емпириското,   притисокот   на   ентрописките   процеси ги разори и двата система. Оној уметничко – интелектуалниот на запад, и оној социјал – идеолошкиот на исток.

Објавувањето на постмодерната беше како омен за прегрупирањето на биполарниот свет со сите културолошки последици, вклучувајќи ги и оние геополитичките. Креативните процеси стануваат дисјунктивни и тежнеат кон аисторичност.

Концептите на модернистичките бесхоризонтни музеи се растопија   во   бруталниот   маркетиншки   простор. Отаде толку кич и шунд во продукцискиот репертоар на неолибералната уметност   која   предводена   од   веќе   застарената   криптоавангардистичка и еклектицистичка идеологија на постмодерната, прераснува во гигантска комерцијалистичка мрежа протажирана од новата дваесетипрвовековна плутократија и од теорискиот лоби чија   служба   поприма   језуитски   конотации.   Прикаските   за   идеалната форма од времето на модернизмот им го отстапија просторот на нејасните и небулозни проекти генерирани од псевдоинтелектуалните и криптореволуционерните елити   од  N.G.О. секторот повеќе заинтересирани за општествената моќ отколку за проблемите на естетиката.

Конечно се е уметност и секој човек е уметник… Пораките од Дизелдорфскиот концептуалистички круг им даваат за право на сите фантазери да се активираат во големата светска какафонија. Лудилото на уметноста ги опфаќаше, и еве ги првите резултати на хаосот и неподносливоста, на артизанството и епигонизмот, еве ја големата планетарна безидејност.

Оваа     гигантска    и  суицидално     депримирачка       неинвентивност на глобалната уметничко – интелектуална сцена потекнува од преголемата импликација на технологијата и технократијата во уметничките процеси. Самото устројување на дискурсот е медијалистички дизајнирано и е редовно во функција на политичката коректност. Цензурата од времето на народната непросвете ност е истисната од општествените супервизии со интелигентен зафат   втемелен   во   принципите   на   хиперкомерцијализацијата   и ирелевантноста.   Процесите   на   либерализација   создаваат   нови хоризонти на интелектуалноста и креативноста. Но технолошката банализација на уметничкиот процес ги збунува сите. Оваа збунетост произлегува од мноштвото инстант – решенија кои принципот на мас – производството и помодарската епигонија ја замаглуваат стратегиската порака која во себе треба да ја изрази целата важност на уметноста, посебно денес.

Но   како   и   во   дуалистичкиот   гностицизам,   така   и   во   реалноста односот на структурите на редот и хаосот се во постојан баланс.   Така,   изобилството   на   информации   во   кои   се   содржи целата   епифаниска   жовијалност   на   нашето   време   е   вешто   дистрибуирана низ технолошките системи и идеолошките групации кои низ прагматичките принципи на квантитетот и демократската апологетика ги спроведуваат апсурдните агенди на баналноста.

Ваков свет на формална слобода од една страна, и тотална неслобода на уметничката индивидуалност на друга, е светот во кој живееме и во кој секој обид за интелектуален или креативен бунт е однапред осуден на банализација. Дури и да е поддржан од институциите, најдалечниот дострел ќе му биде во драстичната    идолатриска     комерцијализација.  Како   целата   мејнстрим уметничка енергија да е злоупотребена во импликативни геополитички сценарија чија единствена цел е генерирање политичка моќ и општествено влијание. Крајната цел на ваквите авантури на   политичко   –   плутократското   замешателство   во   уметноста   е воспоставување на контрола на свеста која се создава преку одредени културолошки и естетички наметнувања и влијанија преку културно – уметничките и информативните мрежи под нивното раководство.

Слободата на изборот станува ирелевантна, секој избор на крајот станува предмет на комерцијален трансфер, или можеби емотивен, или интелектуален трансфер, сеедно, сè е веќе видено, сè е демоде и здодевно. Само моќта која произлегува од комерцијалниот бенефит не е здодевна. Но не за сите! Некои дури и оваа зачуденост ја фрлиле во кошот на баналноста. Дали баналноста добива димензија на онтолошка база врз која ќе ја градиме новата хиерархија на вредности?

Ваквото размислување, или подобро насетување (насетувањeто е појако од севкупната материја – Пол Сезан), води кон две конклузии. Првата заговара едно неприметно затупување и културна дегенерација. Жртвите на оваа ментална сфера стануваат конзументско  –   технолошки   зомбии   чија   единствена   задача   во светот би била емитирање на нивната чисто антрополошка енергија; нешто пософистициран општествен ресурс во споредба со оние биопотенцијали како животните, ратенијата и минералите.

Од   друга   страна   се   вивнуваат   амбициозните   дисижн-мејкерс (во   културата   и   уметноста),   инсајдерите,   манипулаторите,   новокомпонираните гении на влијанието, оние што се спремни да ја понесат одговорноста на времето и целата турбулентност на културно – историскиот моментум.

Тривијалните       протагонисти       на  глобализацијата      јуришаат со   сета   сила   на   нивната   илузионистичка   хипокризија,   хранета од волјата за моќ. Нивната постојана формула за мотивирање на следбениците   и   масите   е   ангажираноста: – Не   бидете   идиоти!

Бидете ангажирани! (идиоти)!!! – Тоа е фразата што вознемирува веќе неколку столетија, експлоатирана од јакобинците, преку болшевиците, фашистите и нацистите, па се до комерцијалните ворк-шоп   револуционери   сјатени   околу   N.G.O.   –   секторот   како демони околу новиот Левијатан.

Значи,    присвојувањето       на  уметноста     и  нејзината    контекстуалност од страна на овие групации е свесна и суптилна стратегија   што   се   спроведува   на   еден   крајно   дилетантски   начин   во однос   на   вистинската   духовна   потенцијалност   на   векот   во   кој живееме. Ако тоа до пред некое време беше прикривано со еден патетичен      емпатиски     хуманизам,    денес   нивната    комерцијална етаблираност сведочи за вистинските димензии на теориско – естетските препораки што ги застапуваат. Затоа прв чекор за освестување на културно – уметничкиот дискурс на времето би било ново препрочитување на Историјата на уметноста, овојпат разбрана како нешто повеќе од чист, интелектуален ресурс. Историјата на уметноста, не како збир од биографски податоци   романтизиран   по   холивудските   шаблони,   туку   како   живо творечко битие кое непрестано еманира високи духовни фреквенции. Ова битие не е мумифицирано во клишеата на глобалистичкиот пазар  и дистрибуирано низ мас–медиумите како современа митологија на тривијалноста. Тоа битие е неподложно нa корупција и за среќа не може да се дискредитира од лошиот вкус на новокомпонираниот естаблишмент, нити пак од административните добри намери што водат до Пеколот.

Мистичната димензија на Историјата на уметноста е изворот на епифаниското во творештвото, најмногу преку делата на протагонистите. Нивната телеологија и нивната етика одразена во ритуалниот епигонизам кој повеќе делува иницијациски отколку аналитички и дискриминирачки, пред се во тотално промашените   референци   на   современиот   институционален   академизам – последниот остров на традиционализмот во уметноста.

Да не постоеше, ќе требаше да го создадеме од чисто рационалистички потреби. Во име на систематичноста и историски проверениот вкус на културните елити. Секој   обид   за   аналогно   делување   во   однос   на   историските парадигми во уметноста неминовно води кон поразувачко повторување на истрошените клишеа на нивните банални и секогаш предвидливи теми како во утилитаристичка пластика, сместена по рабовите на нашата рамнодушност.

Да   се   наслика   самата   Историја   на   уметност,   поправо   само еден дел од неа, оној дел што недостасува во нашата локална култура, дел кој отсекогаш претставувал полигон за жестоки контраверзи и фрустрации, дел кој е историски неподобен како естетика, но дел без кој остануваме последниот остров на културната наивност во современиот уметнички простор на Европа. Овој реален културно – историски хендикеп не е само опсесија    за  нашиот    тажен   ламент    на  евидентната      цивилизациска   инфериорност,   која   еве   трае   веќе   со   векови.   Тој   историско –   уметнички   вакуум   може   да   предизвика   и   извесна   симулациска   динамичност,   обид   да   се   вгради   личноста   како   продуктивен уметнички фактор во празнината. Можеби ретроактивно, да се искористи последниот ресурс на празнината, и се благодарејќи му   на   атипичниот   и   деформиран   историски   растеж   на   нашата култура.

"Вонземски приказни" Friday, Aug 31 2012 

Уште едно издание на ажурниот издавач Магор. Најновата книга на повеќестраниот македонски уметник Александар Станковски, по образивание сликар, но најмногу експониран со своите електронски остварувања како и со стрипот, се вика “Вонземски приказни”. Но, тука воопшто не се работи за научно фантастичен жанр, на што асоцира насловот, туку за еден вид, како што ќе ги оквалификува и рецензентот на книгата Јадранка Владова, во ироничен стил на авторот- гастајбајтерски приказни. Сочни во говорот и во својата опсревација приказните нудат возбудливо доживување за современиот читател. Особено за истакнување е самиот дизајн на книгата, кој содржи цртежи на авторот , со оригинален момент: на рабовите од страниците се наоѓаат цртежи, кои стануваат анимирана приказна доколку бргу се прелистуваат. “Вонземски приказни” е книга која го отсликува мигот, на начин на кој овој специфичен автор го доживува.

извор:

 

 

Јасте Лее и Тите Лее Friday, Aug 31 2012 

Во Јасдатикажам градот каде што секој втор жител беше сезнајко, дискурсите за политиката се одвиваа насекаде. Да не почнуваме со клишето на кафулињата каде кодошите-фуфулешки разменуваа вербални добра. Политиката левитираше и над зелените полиња на ТХЦ (главната индустриска гранка на малата вулгарска држава Б.С.Р.М.  – Бившата свињославска република Мастодонија), каде што селаните хипици опфатени од ентузијастичка логореја ја дриблаа (политиката) низ етерот со еднодимензионална упорност рамна на онаа што инсектите ја имаа кон поленот.

Политиката се тркалаше и по забавните паркови преполни со малолетни дрогераши кои весело изнудуваа паковка или две посредувајќи меѓу локалниот семкар и нивните родители: “Тато, може паковка за рингишпилот?… Мамо, може две паковки за во тунелот на СТРАВОТ И УЖАСОТ?”

Како и да е, тоа септемвриско попладне Gay-двојката Јасте Лее и Тите Лее го шетаа својот посвоен син Мижиасан Датибаам Лее низ соцреалистичкиот – луна парк наречен “Мао” – по еден идеолошки атлетичар од Син Хуа.

Мижиасан Датибаам Лее беше на возраст од 12 години и го посетување нижотокурнаско училиште “Ванчо Михајлов” од Јасдатикажам-град. За прв пат проба “роба” на 5 ипол години, случајно, на еден од педер-баловите што неговите двајца татковци ги организираа секој втори февруари. Набрзо потоа се повлече и стана неподнослив. Грижливите родители веднаш го однесоа на психијатар каде по безуспешниот третман со електрошокови на малиот Мижиасан му беше препорачана метадонска терапија. Од тогаш малиот се смири и повторно се вклучи во системот кој така успешно генерираше несреќници во Бившата свињословенска република Мастодонија.

На најголема можна среќа на фамилијата Лее предизвикана од определениот финансиски суфицит кој можеше да им обезбеди повесела егзистенција, беше колективната саботна посета на некој од многуте луна-паркови каде се возеа, кркаа роба и водеа политички дискусии.

Откако малиот Мижиасан Датибаам Лее ја снифна својата трета паковка и се упати кон една од гондолите украсена со полиестерските глави на Ерик Хонекер и Николае Чаушеску, меѓу Јасте Лее и Тите Лее се разви жесток политички разговор кој, за волја на вистината, не беше лишен од определен академски маниризам.

Имено, Јасте Лее почна да ја развива тезата за политичките сврзани садови според која успешниот политички концепт на позицијата е секогаш во тесна врска со позитивниот политички статус на опозицијата – услови во кои опозициниот критички арсенал се намалува, а со тоа и саботажите на системот од страна на опозициски ориентираната бирократија се сведуваат на најмала можна мера.

Тите Лее на ова парираше со уште побајат став во чија когнитивна архитектоника невешто ги вгради психологизмите на Фројд и Спенглеровите мрачни помислувања околу расата…

–        Ти не можеш логички да го одржиш таквиот, до апсурдна наивност доведен, позитивистичкиот став, мил Јасте Лее. Односот на позицијата и опозицијата има митска жестокост во себе. Акцептирај ја власта како перманентен оргазам, а волјата за власт на партиите како огромно незадоволено либидо. Процесот на сменувањето на власта секогаш е проследен со генерирањето на лоши претстави за позицијата, кои од своја страна го проблематизираат персоналниот морал низ аспектот на клеветењето што, секако, спаѓа во ресорот на вршењето насилство врз напорите за хармонизација на јавното мнение од што во најголема мера зависи успешноста на функционирањето на системот како и консеквентноста на применетото законодавство.

Јасте Лее нервозно се драпна зад увото, од каде ископа една хероинска вошка која во нервозна пакост ја пукна со ноктите.

–         Слушај,Тите Лее, твојот поглед покрај анахроната изживеаност поседува уште еден вид на промашеност, а тоа е отсуството на глобалистичкиот мотив и социјално-економската интерактивност. Кога еден или двајца или тројца кодоши ќе денунцираат еден примерен граѓанин тоа е клевета, но кога илјадници луѓе незадоволни од својата економска-политичка состојба ќе се пожалат јавно и ќе ги групираат своите напори во насока на легитимна политичка борба загарантирана со Уставот на Б.С.Р.М., тогаш станува збор за конструктивно алармирање на состојбите во државата и поттикнување кампања за изнаоѓање на решенија за истите!

Тите Лее само што не се сопна од телото на еден стар дрогаш кој со трагична упорност бараше вена на својот отечен фалус за да се пукне.

–        Упс… Простете… Еве половина паковка. – Фурна мала емпатија Тите Лее.

Стариот дрогаш го крена погледот во кој Тите Лее можеше слободно да ги преиспита своите теориски претпоставки за црните дупки. – Оваа неее мии вршиии рабоотааа – промрморе стариот молскавично прибирајќи ја преполовената паковка. На Тите Лее му олесна. Отсекогаш имаше респект кон ветераните од кои, мислеше тој – секогаш може да се научи нешто ново.

–        Ах, каде застанавме мил?! … Кај штрајковите и масовните митинзи ли?! Ммм, да, ги разбирам твоите интенции, но никако и заслепеноста за анализа на хтонските механизми за чинителите на општеството. Сакаш повторно да те потсетам на митот за Едипус, таа сублимна стилизација на феноменот на суспституцијата на политичката моќ. Зар не увидуваш дека опозиционата маса не е ништо повеќе од несреќна групација на губитници кои сонуваат за погодностите што ги дава позицијата на власт, не осврнувајќи се на сопствената неспособност. Сети се дека артифициелните закони на општеството не можат да ги надминат во своите ингеренции примордијалните закони на природата, напротив. Конечно, во еднефект супериорноста на интелектот е тоа што ги дизајнира и воспоставува политичките интереси.

Но Тите Лее, тоа води во Тоталитаризам – се развика во патентична непресметливост Јасте Лее, вадејќи го на површина целото свое незадоволство кое опасно го доведе на прагот на афект. За Јасте Лее светот одеднаш се претвори во песимистички негатив. Брзата ретроспектива на состојбите низ кои минуваше последните години, а кои неповолни се развиваа во неговото его му отворија цел асортиман на неправди. На прво место беше инфериорната позиција во бракот со Тите Лее, особено во нивната сексуална пракса во која Јасте Лее веќе со години беше “пасив”. Потоа неговиот статус на невработен кој на долги патеки го претвори во “домаќинка”. Неговата со години изневерувана надеж дека “пријателите” од опозицијата ќе му најдат попристојно место во системот. Неговиот сомнеж дека Тите Лее се гледа со други мажи со кои остварува љубовни авантури. И конечно, неговиот омилен фудбалски тим кој неколку сезони се лизгаше удолу по табелата и конечно испадна од лигата… Му дојде да посегне по сопствениот живот… да се фрли под вагоните кои “шишаа” кон тунелот на “Стравот и Ужасот”, за да се качи на рингишпилот и да скокне од седиштето кога ќе биде на највисоката точка (20-тина метри) што би било сосема извесно за сигурна и брза смрт, да се фати за некоја оголена електрична жица под напон – таму доле кај аутцата…

Но  одеднаш дотрча разиграниот Мижиасан Датибаам Лее чиј екстатичен ентузијазам го разби облакот на песимизам што грубо се беше поиграл со фацијалните црти на Јасте Лее. – Мудроста е во прифаќањето на судбината – помисли благонадежно Јасте Лее гледајќи во своето радосно чедо кое го тргаше и него и неговиот брачен другар Тите Лее со упорност на мал спидбултериер кон семкарот, по нови опаковки. Добро накркан со роба Јасте Лее се качи со остатокот од својата фамилија во еден симулиран дирижабл на кој беше насликан ликот на Јосиф Висарионович Сталин. Во нов драјв… Набрзо засрондира и заборави на сè. Би можеле да додадеме – благодарејќи му на најефикасниот лек на сите времиња… по аспиринот…

Вонземски приказни, 2001