Ензура Wednesday, Dec 12 2012 

Јордан Даниловски – Пошепотена

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Песна под песните (праудолни ноти) Saturday, Dec 1 2012 

Удолу лудо долу праудолу
Ли ду
Низ таа депресија на зборовите
Аман
Низ тие одрони мене ноти лу
Ли да
Во дерево во еве ме сум
Ли не
Во тоа лизгање на слоговите
До лу
Ли е
Тоа безмерно заглаголено огледување
До песна под песните тек
На внушеното во сè
Тој цркалеж
Валеж
Давдолеж

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

од Пошепотена

 

Алхемиското битие во Кругот Thursday, Nov 15 2012 

Наспроти средиштето на кругот сите зраци коегзистираат во едно единствено единство, и само една точка во себе ги содржи сите рамни линии, кои се единствено изедначени едни кон други, а сите заедно кон единствениот почеток од кој сите потекнуваат. Нивното единство е совршено во самото средиште; ако се оддалечат малу од него, малку и се разликуваат; ако се одделат од него повеќе, се разликуваат повеќе. Накусо, колку се поблиску до средиштето толку и нивното заемно соединување е потесно; колку се пооддалечени од него, разликата меѓу нив е поголема…

 

 

Птицата на Вара Wednesday, Nov 14 2012 

Одбраа пат што можеби

Под снегот на зборовите беше

И од гласови се кинеше

Птицата

Од крикови

Што во лицата на луѓето

Фрлаше сенки неовдешни

 

Но Бог

Сè уште беше тука

Да рече

Вртете се во круг

И хука гласови да втече

Во некој што пламнат

Водата ја бара

 

И Вара

Во зборовите се внесе

И виде

како го рамнат брегот

Некои веќе одамна мртви

И ненаситни по рамнината

 

Мислеше на птицата

И мислеше можеби

Од лицата ќе се крене

Неовдешната тежина

 

Но веќе јато луѓе

Од Гавраните

Вртеа во круг

Во грешната помисла

Сонуваа

И не знаеја каде

Ги водат

 

Некои

Во рогови дуваа

Славејќи ги допирите

Што ‘ртеа

Меѓу неговите прсти

И нечии

Што во затворенотоо

Свое го носат

 

Можеби бели

Се праговите

За стапалата боси

Од потрага што идат

Можеби тешки снегови

Ќе натрупаат

И Вара можеби

Ќе ги најде зборовите

За затвореното

И од некое

Само на птицата дно

Ќе ја гледа

Како возлетува

 

 

Песна од доаѓањето Monday, Nov 12 2012 

Закопуваш нешто

Што во суштина не е

Твоите прсти сомневања

Гласови

Замешани во бунарите

Какво одречување

И копнеење по одреченото

Аттма

Какво будење

Меѓу две

Пафтања на крилата

 

И Оној

Што мислеше

Дека си Ти

И сега со прстите

Плете сомневања

И со силата

Силата ја зема

Да те одрече сака

Арава

Со гласови замешани

Со копнеење зборови

По одреченото Вара

Кога се искрева

Птицата на твојата душа

Ти Варвара

Меѓу две

Пафтања на крилјата

Дива неспокојна

Врано птицо

Јас вра зрно во земјата

Да те видам тебе Аттма

Како ми се огледуваш

 

од збирката Мистик

издадена од ЗумПрес 1999

Црниот змеј на словото Friday, Nov 9 2012 

Елизабета Шелева – Поемата како езотерична шифра

поговор на Лудото легло од Јордан Даниловски

 

Јордан Даниловски – избор стихови Sunday, Oct 7 2012 

ПОЛНОЌ + НАРЦИС

Превземено од Блесок бр.23, октомври-ноември 2001