Македонија и Македонците Thursday, Nov 8 2012 

Димитрија Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8 ноември, 1878 – Ленинград, СССР, 29 октомври, 1940) бил македонски национален деец, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог и еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла. Чуповски е силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ. Познат и како Димитрија Павле Чуповски или Димитрија Димов Чуповски.

Чуповски е член-основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (1902–1917), член-основач и претседател на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1912–1913), член-основач на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1913–1914) и член-основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917–1924), но и потпретседател на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации….

 

 

 

Димитрија Чуповски

„Македонски Голос”, 1913 г.

Во време на турското господство македонските Словени за сето време не престанува да водат свесна и упорна борба, отпрвин за својата независност, а откако конечно биле покорени од Турците, за своето ослободување од турскиот јарем. Тие кревале многубројни востанија, често ги поразувале Турците,но, се разбира, на крајот од краиштата, востанијата секогаш биле задушувани во потоци од македонска крв… Тие земале учество и во ослободителната борба на своите соседи – Србите, Грците и Бугарите – чијашто слобода била извојувана со усилбите и сопомошта и од Македонците. Така, во време на Руско-турската војна 1877-78 г. 2/3 оддоброволците од балканските Словени биле Македонци. Имињата на ЃорѓиПулевски, Стојан Везенковски, Попот Буфски и на цела плејада други што зелеучество во херојската борба на крстот, со полумесецот, многу им зборуваа, а и сегауште им зборуваат, на срцата на Јужните Словени. И ако Македонија, и по за неа несреќниот Берлински конгрес мораше да остане под господството на Турците,тоа е само затоа што таа се наоѓаше поблиску од сите други Словени до административните центри на Отоманската империја, како што е Цариград, Одрин, Солун, Македонија можеше да се ослободи само заедно со конечното пропаѓање наТурција во Европа. Берлинскиот конгрес кој го предаде македонскиот народ во жртва на одмаздата наразбиените Турци, кои знаеја каква улога игра македонските одреди во за нив несреќната војна, предизвика експлозија на очајот и негодување по цела Македонија. Целиот народ, како еден човек, се крена и започна несрамна борба против Турците за своето ослободување. Востанието траеше повеќе од една година и заврши, се разбира, со победа на озлобените Турци, кои најпосле, ја разурнаа таа несреќна земја. Многу села, па дури и градови, беа изгорени, многу народ беше исклан, амакедонската интелигенција беше делум истребена, делум најде спас во бегството во слободните држави. Без оглед на ваквото крваво задушување на востанието, ослободителната идеја не ги напушти Македонците. Сите 35 години, колку што изминаа од Берлинскиот конгрес, па се до сегашната војна, се една крвава страница на непрекинатаги-гантска борба на македонскиот народ за своето ослободување… Стотици илјади жртви што тој ги принесе на олтарот на татковината го искупија правото на Македонија на слобода… Само за едно петлетје – од 1898 до 1903 година – имаше повеќе од 400 судири меѓу Македонците и Турците. Упорната востаничка борба против Турците се раководеше од таканаречената Внатрешна организација, која во текот на 10 години (до познатото востание во 1903 година), изврши чудесно дело: дотогаш неорганизираните, проникнати само со духна протест и востание, елементи таа ги претвори во дисциплинирана силна војска, која беше во состојба да им дава отпор на насилниците. Највидните дејци на таа организација беа Гоце Делчев и Дамјан Груев…

„Македонски глас”, Институт за национална историја

Достоинство или сервилност, прашање е сега Monday, Oct 29 2012 

Нато интеграции

Достоинство или сервилност, прашање е сега

На времето, кога се формираше Јадранската група на земји кандидатки за влез во НАТО алијансата (Македонија, Хрватска и Албанија), тогашниот министер за одбрана Еленовски на своите PR советници, им прифати една имбецилна синтагма која гласеше – Во јато, кон НАТО!!! Ве молам… како во Развигорче или некој сличен комунистички весник за ступидизација на децата од најмала возраст.

превземено од ГЛАС

Со пријателите, коментирајќи ја “мудроста“ вткаена во овие неколку збора, не можевме, а да не заклучиме дека од ова нема ништо на арно да излезе. Имено, ако се поставите како недоветен, ќе бидете и третиран како недоветен. Пораката која ја праќате  е јасна – Ние сме имбецили и очекуваме така да се однесувате кон нас! На ова Натовци реагираат: – Во ред, немаме ништо против, штом така сакате, вашата желба за нас е заповед.

Денес, за жал гледаме како Премиерот Груевски е цел на напади од страна на опозицијата токму поради неговиот обратен пристап кон овој проблем. Во своето интервју, Груевски на алијансата јасно и стави до знаење дека ние сме човечки битија, со човечко достоинство и очекуваме така да бидеме третирани. Ова беше подтекстот, поентата на неговото интервју, нешто што секој од нас го кажал барем сто пати, во кулоарските и кафанските муабети. Дури и јас во некои интервјуа во медиумите, повеќе пати јавно сум изразувал згрозување од лицемерната политика на Европа и Нато кон нас, но мене никој не ме критикувал бидејки мислењето на некаков си интелектуалец, кој е непартиска личност и не е битно, но интервјуто на премиерот е воедно и став на државата.

Но што има лошо во тоа? Ништо, напротив! Гласачите очекуваат од премиерот да го артикулира она што гласачите го чувствуваат, она што гласачите го говорат низ чаршијата, а тоа е дека на сите им е смачено од лицемерието кое за жал е модус вивенди во денешната меѓународна политика.

Сепак, највиновни за овој третман на западот кон нас сме ние самите… токму поради прифакањето на лицемерието и сервилноста наследени по инерција од комунистичкиот период. Ние мора да се соочиме со фактот дека во оваа земја има политички структури на кои татковината не им е на прво место, туку социопатската амбиција да бидат на власт, па макар тоа значело и преименување на Република Македонија во, на пример Tomato land (по урнек на Swaziland) или Долина на Патлиџаните (по урнек на Ivory Coast.

Нормално, тука првенствено мислам на опозицијата и нивниот лидер Црвенковски. Со генетски наследената сервилност, по комунистичка линија, Црвенковски и екипата не можат да поимат дека некој може да се испокара со Нато. Ова негово размислување е сосем нормално за човек, кој својот живот и менталните капацитети ги посветил на еден тоталитарен режим кој неминовно генерира тоалитарен ментален контекст во кој кариерата и напредувањето го градите со ропска сервилност кон надредените се додека не се искачите на врвот, кога конечно ќе можете да правите што сакате по принципот – По Тито – Јас !

Но, демократиите функционираат поинаку, пред се поради уставно гарантираното право на поединците и нивните легитимни избрани представницин на слобода на говор и изразување. Ова подразбира и кавги и размена на остри тонови…Во демократиите ова е нормално.

Еднаш ли сме гледале тепачки во парламентите во демократските земји? Секако дека не, напротив сме се изнагледале и вербални кавги и размена на тупаници. Ова важи и за нациите, односно државите. Ако направиме краток преглед на внатрешните “Нато кавги”, ќе наидеме на бројни примери. Ќе видиме дека со Нато се карала Турција, па Турција  се карала со Израел (поради вооружениот конфликт), па потоа Америка со Франција поради одбивањето да прати трупи во Ирак, се испокараа до тој стапен што американците не сакаа дури ни да јадат помфрит. Во седумдесетите Грција и Турција војуваа, а обете беа членки на Нато, а Франција во еден период ја напушти алијансата поради длабокото советско разузнавачко пенетрирање и влијание. Во 2001 година Германија и забрани на Хрватска да учествува во војната во Ирак, а Буш помладиот тоа фино им го плесна на Хрватите на домашен терен, кога го поздрави нивниот прием во Нато на самитот во Букурешт, при тоа гласно потенцирајки дека во Ирак со Американците, рамо до рамо сепак се само македонците и албанците…и така натаму…

Имено, во слободниот свет проблемите се артикулираат, не се премолчуваат. Тоа не значи дека трајно сте се испокарале, дека ке ги повлечете војниците од Авганистан и сл. како што шпекулирава едни “експерти” кои Чом ги беше неодамна собрал да дебатираат на оваа тема на МТВ. Не драги мои. Како што се караат пратениците во парламентите, така во слободниот свет се караат мегусебно и државите. Груевски со својата реторика им покажа дека не сме веќе деца на кои некој поголем и постар може да им каже да застанат во ќошот по казна. Ние сме рамноправен партнер во оваа игра, мегутоа рамноправноста не ви ја гарантира никој и со ништо, ниту со членство ниту со закони, ниту со права …

Рамноправноста си ја гарантирате сами, со држењето до себе, до сопствениот дигнитет. Е тогаш веќе не ве гледаат како ретардирана нација, туку како партнер.

Но ајде, во перманентно отсуство на план како да се реши спорот со името кој е единствена пречка за Нато и ЕУ интеграцијата, да направиме една симулација како би изгледал приемот во Нато под диригентската палка на лидерот на опозицијата Црвенковски.

Еве вака:

Сцената се случува во паралелна реалност во која тие се на власт и нормално на затворена седница…

–        Другари, другарот Филе ни наложи дека есенцијално и од суштинско значење е ние да го смениме името Република Македонија со некое друго име кое ќе го задоволи другарот Папандреу ( во недостаток на нов грчки премиер во моментов на пишување на текстов го користам стариот познат лик – фуснота ), кој има објективни примедби. Сепак треба да се знае, треба да се умее, треба да се може овој проблем да се одработи и ние ова го одработивме….

Потоа зема огледало, се погледнува и вели….

–        Да го видам сега мажот што ке го промени името …

И нормално, го менува. Излегува на ТВ и ни објаснува дека тоа сами сме го сториле по наша слободна волја и дека на овој начин не сме примеле пет гола, туку само три. Демек ова било минимизирање на штетата.

Сепак во духот на комунистичката традиција – лаже ! Имено, на овој начин воопшто не би примиле голови…бидејки политиката не е фудбал, но би примиле “нешто друго”. Нормално, Црвенковски совршено не го интересира дека  тоа “нешто друго“ доволно е само еднаш да го примиме и тоа ќе биде за секогаш…

(авторот е академски сликар)

Национална Филозофија Thursday, Oct 18 2012 

Слово за Прличев – Глас '91ва Wednesday, Oct 17 2012 

Митолошки суштества Saturday, Oct 13 2012 

Смртта како категорија и како појава е потполно опасна за живите членови на заедницата. Таа ги прави луѓето безживотни, јалова е, а најопасно од сè – таа е пренослива. Затоа во моментите на директен контакт со мртовецот, живите преземаат низа магиско обредни активности за заштита од преносното негативно влијание на смртта. Кај мртовецот одат намачкани со лук, катран, држат во устата трнче, не го гледаат во лицето и очите, не му го спомнуваат името…

Превземено од ГЛАС – кликни тука

Прочитај го претходниот напис

Крик од нас обичните Wednesday, Oct 10 2012 

Зошто сега, е потребно обединување на целата младина повеќе од било кога!?

Вo овие времиња на ултра постмодерно живеење, кога сите ние, потомци на онаа генерација која сега е на власт во општеството(не мислам на политичка туку на генерациска), живееме брз и на моменти нестабилен живот предизвикан од секојдневните „информациски бомбардирања“, потребно е да се обединиме под еден „чадор“. Заедно, како едно, да се заштитиме од било каква манипулација предизвикана од  информативниот шок кој ние денес го доживуваме благодарение на масовните медиуми.
Зошто протестна нота до мојата генерација? Бидејќи е време на промени, политички, климатолошки, време кога е потребно целата младина од планетата да застане гордо наспроти себе, да ја превземе улогата на најостар критичар во општеството, она, кое треба да ни остане нам, учениците, затоа што време е да покажеме дека сме подобри од учителот…

Денес, во Република Македонија, ние сочинуваме помалку или повеќе триесет проценти од населението, што претставува сериозна бројка во однос на целото население, а уште посериозна во однос на оние кои практично владеат со нас, независно дали се работи за опозицијата или власта…
Ние сме онаа генерација која порасна низ транзицијата, ние сме тие кои додека бевме мали слушавме за некои „поубави времиња-„ години на социјализмот,  кои завршија непосредно пред ние да се родиме, и едни исто така „поубави времиња“, но  кои треба да дојдат, а тоа е конечното наше прераснување во демократско општество кое би гарантирало фер и безбедно живеење…
Ние пораснавме.. бевме деца, тинејџери, адолесценти, време е да го подигнеме нивото на колективната свест, пред се кај нас самите, а потоа и да влијаеме на околината, затоа што ние сме тие, редот е на нас.
Да го направиме историскиот судир на генерации кој се случува одново и секогаш, бидејки е дојдено времето кога треба нашата интелктуална свест и совест да ги ставиме на „кантар“, да се соочиме со „тежината“ и да работиме на себеизградување, едукативно, морално, духовно..

Време е да сфатиме дека е патетично да осудиме некои млади луѓе кои седнале „на кафе“, среде бел ден со некои други млади луѓе, но партиски, поинаку определени од другите…
Време е да сфатиме дека е тажно да се мразиме, поради различната етничка припадност, македонци и албанци, изманипулирани од некои политички структури, да се тепаат во автобусите, само затоа што наместо идеал, некој ни продава личен „фетиш“ , болно задоволство и желба за власт по секоја цена. Тажно е да не користат нас, за нивните лични цели и пресметки, оние, кои ни кажуваа дека треба да учиме од нивните грешки, за да станеме подобри и поуспешни луѓе од нив…

Нè поделија на наши и ваши, плави и црвени,  сиромашни и „елита“, нè направија различни.
Живееме во мулти културно општество, едни покрај други, а не едни со други.

Во текот на изминативе 20ина години, додека нашата генерација растеше и зрееше, беше отворена „пандорината кутија на приватизацијата„ транзитивен процес, кој некои го искористија како можност да грабнат сè.

Токму тие транзициски „идеолози“ и „мангупи“, откако ги осиромашија луѓето, со перфидна пропаганда почнаа да работат на својата финална задача – да го умртват и чувството на гордост, да ја замаглат перспективноста и оптимизмот, на достоинството да му стават анестезија. Продавачите на демагогија добро ја имаа научено лекцијата дека само со безгласна, безнадежна, дезориентирана нова генерација може лесно да се манипулира.

Тогаш започна и оној тажен процес, кога цела една генерација на млади луѓе и деца во „кино Македонија“ го „гледаа“ филмот „разликите во нашето општество“- филм со еден куп специјални ефекти и филтри, во „западњачки“ стил, со криминално, „висок адреналин“ сценарио…
Гледаме епизоди со мафии и банди, „фер“ тепачки „еден на дваесeт“, каде некое момче завршило брутално претепано или во полош случај, избодено…
Додека нè учеа на различност, и со цел толерирање на разликите,  заборавија дека вистинската лекција беше дека „сите ние сме исти“. Дискриминацијата и тензијата, станаа главни адути во борбата каде треба да победи разбирањето и толеранцијата, и со тоа ние како критична маса на ова население, станавме „замаени“, со измешани емоции, голтнати навреди, љубомора наместо љубов, прегазени суети и скршена самодоверба…
Време е да се опоравиме, да го „скршиме гипсот“ и да застанеме пред себе, во борба за признавање на нашиот интелктуален идентитет!
Време е да сфатат дека го ставаме под стечај производството на „волна“, затоа што немаат повеќе „оФци за стрижење“!
Време е да си подадеме рака едни на други, затоа што ние сме тие кои се имаме едни со други и само себе се имаме!
време е да го подигнеме тонот и гласно да викнеме затоа што ние сме децата на Македонија…
Ние сме иднината на Македонија…

Небото над Македонија Tuesday, Oct 9 2012 

Sky Map of Macedonian People на Ѓоре Ценев е содржана во
 библиотеката на NASA, дигитална датабаза за астрофизика.
Ова само ни потврдува за значењето на традициите и културата од овие простори.

Олимп и Ја, ДА Wednesday, Aug 15 2012 

На 27ми  јули 2012та беа отворени 30тите по ред Олимписки Игри, точно 100 години по последниот ден на првите ОИ одржани во Стокхолм 1912тата. Датумот е точно два дена порано од отварањето на ОИ во Лондон во 1948та. Првиот настан за поддршка на овогодинешните ОИ беше Лондонската Парада на 1 јануари 2012та. Казните за влегување без билет, недозволена реклама, дури и за голотија на оние кои што се расоблекле од забава/горештини се движат и до £20,000. Оваа Олимпијада е првата во која што секоја земја учесник има спортист од женски пол. На церемонијата за отварањето, режирана од Дени Бојл, беше нагласено дека Британија е земјата која што е дом на современиот спорт. Бидејќи седиштето на Интернационалниот Олимписки Комитет е во Швајцарија, со официјален јазик француски, отварањето беше на англиски и француски јазик. 7,500 волонтери учествувале во парадата, за кое што на две тајни локации имале околу 284 приватни лекции. 89 животни беа искористени за истото, внимателно чувани од 34 луѓе. Кози, овци, крави, кучиња, гуски, кокошки, шатки и коњи земаа учество во отварањето на ОИ. 170 деца волонтери од 25 училишта учествуваа заедно со претставниците на Националниот сервис за здравство. За настанов искористиле повеќе од 500 звучници и 50 тони аудио опрема. Патувањето на факелот има корени во контроверзната Олимпијада одржана во Берлин во 1936 година. Карл Дием, главниот организатор на Олимписките игри, го замисли трчањето со факелот како пропагандна алатка на Национал социјалистичка партија, со цел да се покаже наводната супериорност на Ариевската раса. Факелот помина низ Грција, Бугарија, Југославија, Унгарија, Австрија и Чехословачка. Патувањето на факелот има корени во контроверзната Олимпијада одржана во Берлин во 1936 година. Карл Дием, главниот организатор на Олимписките игри, го замисли трчањето со факелот како пропагандна алатка на Национал социјалистичка партија. Откако беше допрен од Кралицата на Петок 13ти, на денот на отварање факелот беше внесен од усшешниот Британски Олимпиец, Сер Стив Редгрејв, кој што го подал на седум младинци. Се појавија и Џејмс Бонд и Мистер Бин. Само еден Олимписки медалист е Нобеловец истовремено, англискиот Барон Филип Ноел – Бејкер во Антверпен 1920тата добил сребро во трката на 1500 метри, а во 1959 добил Нобелова награда за неговата посветеност и работа за превенција од војни.

 

Лондон е првиот град домаќин со три Олимпијади. Атина би го делела приматот, но игрите одржани 1902ра таму не се сметаат како официјален настан. Велика Британија на претходната домаќинска Олимпијада во 1948та (прва по смртта на Баронот Пјер де Кубертен, основач на модерното Олимпиското движење) освоила 3 златни, 20 други медали и била 12та по ред. Годинава, над 10,000 спортисти ќе претставуваат 204 нации (годинава има четири независни олимписки спортисти – професионалци кои што не се во можност официјално да претставуваат одредена земја – еден од Јужна Кореја и тројца од Поранешните Холандски Антили) во 302 натпреварувања. Еднооките маскоти Венлок и Мандевил се спомен на местата каде што кон крајот на 19 век локалното население се натпреварувало во традиционални селски спортови, па така истите места ги сметаат за први корени на современите олимписки и параолимписки игри.  Триесетите по ред започнаа на 27ми  јули и траеја 16 дена, колку што се краците на Ѕвездата од Кутлеш, до 12ти август. Пред осум години домаќин беше нашиот јужен сосед, отварањето беше на петок 13ти.

Од Исток Сонце и Вистина Monday, Aug 13 2012 


Kонцептот беше јасен, создавање на своја сопствена
уметност, автентична,базирана на својата сопствена
традиција и корени, без копирање на PAX/АМЕРИ-
КАНА концептот кој доминираше во минатиот век.
А како другачије уметноста би имала смисла да постои ако
нема своја автентика, тогаш е само бледа копија и плагијат и
ја губи комплетно смислата на своето постоење. Не за џабе
Ристиќ ја одбрал Суботица за центар на своето делување,
еден прекрасен град, мултикултурен во Централна Европа во
кој живеат Унгарци, Хрвати и Срби.
Првиот впечаток за идентитетот на овој град е дека тој нема
допирни точки со Балканот, меѓутоа како и сите мали народи
така и жителите на овој прекрасен град се во голема дилема
како да го сочуваат и развијат својот културен идентитет од аг-
ресивниот наплив на АНГЛО/САКСОН TRASH КУЛТУРАТА, која е
бескрајно агресивна и оперирана комплетно од некави креа-
тивни вредности, со една крајна цел: СОЗДАВАЊЕ ПРОФИТ.
На мое големо изненадување комуникацијата со повеќе
луѓе кои имаат унгарско потекло се одвиваше на Англиски
јазик, очигледно младите Унгарци воопшто не го говорат
Српскиот јазик, кој е официјален јазик на државата во која
тие живеат. Овој момент ме потсети на податокот што го про-
читав во нашите весници дека 38% од младите Албанци го
зборуваат Англискиот јазик исто така добро како својот мај-
чин јазик, истото важи и за Македонската млада популација,
38% од младите Македонци го говорат Англискиот јазик, како
својот мајчин јазик. Така што изгледа не е далеку денот кога
Македонците и Албанците ќе комуницираат во својата соп-
ствена држава на Англиски јазик. Човек не може, а да не се
запраша дали се создава една нова нација: АМЕРИКАНСКИ
МАКЕДОНЦИ. Јачината на Американските медиуми во ова
време на технолошки, информативен и комуникациски нап-
редок е огромен.
На крајот на краевите едно од главните оружја на Западот
во рушењето на Варшавскиот Пакт беше популарната култура
(музика,филм,забава,мода). Малкумина знаат дека бизнисот
со популарната култура во В.Британија е на четврто место,
во своите економски успеси и е пред бизнисот со челик кој
е на петто место. Англиската кралица редовно ги наградува
своите уметници, за нивниот допринос во јакнење на еконо-
мијата на Англија.

Што да се Прави?

Ништо друго, освен јакнење на својата сопствена култура
и традиција, морам да напоменам во текстов дека и моето
бавење со музика беше и тоа: создавање на еден автентичен
музички израз, базиран на својата сопствена култура и тради-
ција. Кога цариникот на македонско/српската граница ме пра-
ша каков стил на музика свирите, јас му одговорив: ПРАВОС-
ЛАВЕН РОК. Цариникот задоволно се насмеа, комуникацијата
беше потполна, не пуштија преку граница за две минути.
Источните народи мора да разберат дека само со вложу-
вање во својата сопствена култура, можат да ги придвижат
работите од мртва точка, така што и те како ќе помогнат да
се обликуваат разни политички и сложени процеси како што
на пример е проектот Евро/Азија.
На пример Александар Македонски е првиот глобалиста
што го споил Истокот и Западот, неговиот концепт е ултра
модерен до ден денешен. Кога Турците го освоиле Кон-
стантинопол настанува првата музичка глобалистичка евро/
азиска фузија. Византиците пееле добро, а Турците свиреле
одлично. Комбинација која ја промени музиката воопшто.
Што беше Византија ако не спој на Европа и Азија, Што беше
Отоманското царство, и тоа така спој на Европа и Азија.
Младите музичари од Македонија мора да разберат
дека не вреди на таква сопствена традиција и култура, да се
копира на пример некој Американски бенд од Тексас, или
пак глупо е и смешно бенд од Битола да свири каубојска му-
зика. Мизар му парираше на Мерилин Мансон и Лаибах на
Фестивалот во Белградска Арена бидејќи има свој сопствен
израз и идентитет.
Проблемот со нашата земја е дека во моментов преовла-
дуваат два крајно радикално спротиставени концепти. Ед-
ниот концепт вика дека тука ништо не чини, дека сме крајно
несвесни и необразовани, така што се што доаѓа од ЗАПАД Е
СУПЕРИОРНО. Овој концепт го форсираат група квази/инте-
лектуалци кои се срамат од своите сопствени корени: ЖИВА
БЕДА.
Другиот паралелен концепт е концептот на турбо/фолкот
кој што пак оди во друга крајност, пропагирајќи дека се што
доаѓа од Западот е катастрофа, концепт на квази/сељачко
делување од Горно Чицево до Танушевци.
Текстот ке го завршам со извадок од текстот на песната
на Мизар-Константинопол:

НА ЗАПАД МАСИВНО СИВИ ОБЛАЦИ

ОД ИСТОК СОНЦЕ И ВИСТИНА.

 

Убавината секогаш победува Saturday, Aug 11 2012 

 

Знаев дека се работи за опозициско делување и тоа е
повеќе од јасно дека е дел од политиката, но тогаш
не можев да разберам како може една опозиција да
биде толку терснограда и да оди до таму да шири
омраза за одредени зданија кои фасцинираат со својата уба-
вина. Тогаш тоа не го почувствував како атак на Владата, туку
атак на убавината. Се трудев во различни медиуми да објас-
нувам дека нашето Скопје, а кога велам нашето мислам не
само на граѓаните на Скопје, туку на граѓаните на цела Маке-
донија, ќе стане не само поубаво место не само за живеење,
туку место каде нема да се срамиме на гостите од странство
да им прикажеме дел од нашата култура, историја и тради-
ција.
Во меѓувреме се случи еден феномен. Јас тоа го чувству-
вав, но тогаш не можев, а сега можам да го објаснам. Тој фе-
номен е убавината. Како што почнаа да никнуваат интересни
скулптури на улица Македонија, како почнаа да се појавуваат
скулптури и споменици од едната и од другата страна на ре-
ката Вардар, така почнаа да се намалуваат и злите јазици за
Скопје 2014. Сега веќе ми е сосема јасно зошто е тоа така. Сно-
шти прошетав од Телекомот кон самиот плоштад. Кога стап-
нав на плоштадот пред споменикот на Димитрија Чуповски,
со погледот од мојата лева страна се покажаа прекрасните фа-
сади на Музејот, театарот и останатите згради кои сеуште се
во тек на изградба. Она што создаваше кај мене дилема како
може некој да ја напаѓа убавината, ми го потврди погледот на
фасадата на зградата над ,,Пелистер,,. Половина од фасадата
беше во барок стил, а половина во стариот комунистичко бол-
шевички стил. Се запрашав како може некој да ја напаѓа ед-
нава страна која е навистина убава, а да го брани оној другиот
дел кој укажува на едно мрачно, сиво и некреативно време,
време од кое се откажа цела југоисточна Европа.

Додека тоа го размислував,
до мене допораа звуците на еден валцер од
Штраус помладиот, кои доаѓаа од споменикот и од фонта-
ната, толку напаѓани од опозицијата. Тие напади до некаде
можам и да ги разберам кога се работи за луѓе од политичка
провиниенција. Но не можам да ги разберам моите колеги
кои се исто така членови на таа опозиција, како што јас не
кријам бидејки тоа е мое демократско право дека сум дел
од ВМРО ДПМНЕ, како тие мои колеги од театарската деј-
ност така жестоко ја напаѓаат убавината. А многу добро знам
дека некои од овие театарски дејци, кои често работат во
Белград и во Загреб, не им пречи барокот во тие градови,
ниту пак воинот на коњ во центарот на истите овие градо-
ви. Иако овие театарски дејци режисери често пати се гости
во медиумите и во Белград и во Загреб, никогаш не сум ги
слушнал во тие емисии да го напаѓаат барокот во градови-
те каде што се гости, или пак да го напаѓаат воинот на коњ.
Меѓутоа устите им се полни со омраза само кога се работи
за центарот на сопствениот град. За ваквото однесување на
некои театарски дејци никогаш не најдов разбирање зош-
то е тоа така, но тие самите сигурно во своите глави имаат
некаков одговор, се надевам. Меѓутоа она што посебно ме
радува и што сакам да го нагласам во оваа моја колумна е
впечатокот кој го имав сношти на плоштадот. Бев меѓу многу
луѓе кои уживаа во содржините на плоштадот, пензионери
со своите внучиња седеа до самата фонтана, тинејџери се
фотографираа покрај ,,бикот и шмизлата,, туристи ги фотог-
рафираа македонските револуционери…

А сега би сакал да кажам збор два за зборот кој излезе
од арсеналот на омразата, со кој многу се манипулираше, а
кој сега воопшто не го слушам, а тоа е зборот ,,антиквиза-
ција,,. Кога бев прашан што значи антиквизација, на смеа
кажав дека се работи за осмислена тиквизација на маке-
донскиот народ од страна на опозицијата. Да го тиквизира-
те еден народ, тоа значи да го убедите дека нема мозок во
неговата глава, да му ги избришете фактите и да го лажете
со нешто што тој народ и не е должен да го знае. А тоа зна-
чи следново – како аргумент за антиквизација неколкумина
интелектуалци блиски до опозицијата го користеа фактот
дека неколку згради од проекотот 2014 имаат антички стол-
бови. Меѓутоа ако ја погледнете Белата куќа во Вашингтон
ќе видите дека и неа ја красат антички столбови. Па зарем
Белата куќа е синоним на антиквизација? Можеби нашиот
народ не знае, а и не мора да знае дека античките столбови
оставиле белег во светската архитектура, но многу добро
знае кога некој се обидува да го манипулира. Исто така се
манипулираше дали низ Триумфалната порта ќе помнину-
вале воини победоносци. Но бевме сведоци дека низ оваа
Триумфална порта поминаа нашите кошаркари овеначани
со слава и горди на својата земја. Преполниот плоштад за
нивниот пречек исто така беше доказ дека неколкумината
сеачи на омраза против убавината се малцинство, а маке-
донскиот народ покажа дека си ги сака своите спортисти,
но пред се знае да ја почувствува убавината. А оние десе-
тина или дваесет мои колеги, кои толку жестоко го напаѓаа
Скопје 2014 сигурен сум дека ќе бидат многу брзо забора-
вени, но би сакал идните генерации да знаат дека не и било
едноставно на убавината да победи. Затоа да ги заборави-
ме сите тие зли јазици, да му се радуваме на животот, да и
се радуваме на убавината, да ги мотивираме младите гене-
рации да ја ценат и да ја сакаат убавината и да бидат кре-
ативни, да создаваат нови убавини, а деструкција на оние
неколкумина што ги спомнував во оваа колумна да заминат
во историјата онака како што се појавија, неславно… Засега
од мене толку, Бранко Ѓорчев.

Next Page »